Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Римјаните 10:8-11

Римјаните 10:8-11 MNT

Пораката за спасение преку вера во Христос е лесно достапна, како што и се вели во Светото Писмо: „Пораката е близу до тебе, таа е на твоите усни, во твоето срце.“ Ова е учењето за верата што ние го проповедаме. Ако со својата уста Го признаваш Исус за Господ, и ако во своето срце веруваш дека Бог Го воскресна од мртвите, ќе бидеш спасен. Ако длабоко во себе имаш таква вера, Бог ќе те смета за праведен. Ако со својата уста ја исповедаш оваа вера, ќе бидеш спасен. Светото Писмо вели вака: „Ниту еден од оние што веруваат во Него нема да се разочара!“