Од Павле, кој е в затвор затоа што проповеда за Исус Христос, и од братот по вера Тимотеј, до нашиот соработник, до нашиот сакан Филемон, до сестра Апија, до нашиот соборец Архипус и до црквата што се собира во твојот дом. Ви посакувам Бог, нашиот Татко, и Господ Исус Христос да ви бидат благонаклонети и да ви дадат мир. Филемоне, секогаш кога ќе те спомнам во моите молитви, Му благодарам на Бог за тебе. Слушам за твојата вера во Господ Исус и љубов спрема сите верни. Се молам да имаш успех во споделувањето на верата со другите, па и тие да сфатат какви се благослови Христос ни даде. Љубовта што ја имаш многу ме израдува и ме охрабри. Ги зарадува и срцата на сите Божји луѓе. Христос ми дава смелост да ти заповедам што треба да сториш
Прочитај Филимон 1
Сподели
Спореди ги сите верзии: Филимон 1:1-8
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа