Но Исус Му одговори: „Ти остани со Мене, а погребувањето на мртвите препушти им го на оние кои се духовно мртви.“ Потоа Исус се качи на бротчето, а Му се придружија и Неговите ученици на пловидба кон другиот брег. Одеднаш, езерото го зафати силна бура и бротчето беше во опасност да потоне под удар на моќните бранови. А Исус беше заспал. Учениците дојдоа да Го разбудат, викајќи: „Господе, спасувај, гинеме!“ А Тој им рече: „Што сте се исплашиле? Колку ви е мала верата!“ Потоа стана и им заповеда на ветрот и на брановите да запрат; и настапи длабока тишина. Учениците останаа вчудовидени и шепотеа: „Кој е овој човек, Кому и ветровите и брановите Му се покоруваат!?“
Прочитај Maтеј 8
Сподели
Спореди ги сите верзии: Maтеј 8:22-27
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа