Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Maтеј 19:13-22

Maтеј 19:13-22 MNT

Некои луѓе ги носеа своите дечиња кај Исус за да ги положи рацете над нив и да се моли за нив. Учениците, пак, ги одвраќаа, на што Исус им рече: „Пуштете ги децата да дојдат кај Мене, и не одвраќајте ги, зашто небесното царство им припаѓа на таквите како нив!“ Откако Исус ги положи рацете врз нив и ги благослови, си замина оттаму. Еднаш, кај Исус дојде еден млад човек и го праша: „Добар Учителе, какви добри дела треба да направам за да се здобијам со вечен живот?“ А Исус му одговори: „Зошто ме прашуваш во врска со доброто? Има само Еден што е добар а тоа е Бог. Ако сакаш да добиеш вечен живот, придржувај се кон Божјите заповеди.“ „Кои заповеди?“ го праша човекот, на што Исус му одговори: „Не убивај, не врши прељуба, не кради, не обвинувај лажно; почитувај ги татка си и мајка си и сакај ги своите ближни како себеси.“ Во одговор, младиот човек рече: „Кон сето тоа се придржував; што треба уште да направам?“ Исус му рече: „Ако сакаш да бидеш совршен, тогаш оди и продај си што имаш и раздели им ги парите на сиромасите, а ти ќе имаш богатство на небото. Потоа тргни по Мене и стани Мој следбеник.“ Кога го чу ова, младиот човек си замина разочаран, бидејќи поседуваше голем имот.