Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 3

3
1Беше петнаесеттата година од владеењето на римскиот император Тибериј; Понтиј Пилат беше гувернер над Јудеја, Ирод Антипа управуваше над Галилеја, а неговиот брат Филип - над покраините Итуреја и Трахонитис. Лисанија беше управник над Абилена,
2додека Анан и Кајафа беа врховни свештеници. Во тоа време Бог го повика Јован, синот на Захарија, кој живееше во пустината.
3Тогаш Јован го обиколи целиот предел крај реката Јордан, проповедајќи: “Покајте се и крстете се, за да ви се простат гревовите!“
4На Јован Крстител се однесува пророштвото запишано во Книгата на пророкот Исаија: “Глас одекнува низ пустината, кој вели: Пригответе пат за доаѓањето на Господ, исправете го патот за Него!
5Секоја вдлабнатина да се исполни, секој врв и угорнина да се зарамнат; кривите патеки да се исправат, а нерамнините да се порамнат.
6Тогаш секој човек ќе го види спасението што ни го испраќа Бог!“
7Многу луѓе доаѓаа да се крстат кај Јован, а тој им велеше: „Змиски рожби! Кој ве предупреди, та бегате од гневот што доаѓа!?
8Докажете на дело дека навистина се каете! Не залажувајте се со тоа што сте потомци на Авраам, зашто, ви велам, Бог може и од овие камења да подигне Авраамови потомци!
9Божјата секира е веќе замавната и в корен ќе го пресече и в оган ќе го фрли секое дрво што не раѓа добар плод!“
10Тогаш луѓето го прашуваа: „Што треба да правиме?“
11А Јован им одговори: „Кој има две кошули, нека му даде една на оној што нема ниту една; и кој има храна, нека ја подели со другите.“
12Дојдоа да се крстат и некои од собирачите на данок, прашувајќи: „Учителе, што треба ние да правиме?“
13А тој им одговори: „Не земајте повеќе од она што е определено!“
14Имаше и војници, кои го прашаа: „А што треба ние да правиме?“ Тој им одговори: „Не вршете насилства, не пријавувајте лажно никого и бидете задоволни со својата плата!“
15Бидејќи народот беше во исчекување да се појави Божјиот Месија, се прашуваше да не е можеби Јован Месијата?
16Затоа, Јован им се обрати на сите: „Јас ве крштавам во вода, а по мене иде поголем од мене, толку голем што јас не сум достоен ни сандалите да Му ги одврзам. Тој ќе ве крсти огнено, во Светиот Дух.
17Тој ја има лопатата в раце и ќе го исчисти Своето гумно: житото ќе го собере во житните складови, а плевелот ќе го гори во оган што не гасне.“
18Вака, и на многу други начини, Јован им ја проповедаше Радосната вест на луѓето и ги поттикнуваше да се поправат.
19Јован јавно го прекоруваше и гувернерот Ирод, зашто тој беше ја зел Иродијада, жената на својот брат, а правеше и други злосторства,
20додавајќи кон нив уште едно со тоа што го фрли Јована в затвор.
21Еден ден, по крштавањето на сиот народ, се крсти и Исус. И додека Тој се молеше, се отвори небото,
22и Светиот Дух слезе во телесен облик, како гулаб. Се чу и глас од небото, кој рече: „Ти Си Мојот Син - Мојот Љубимец, со Кого наполно Сум задоволен!“
23Исус имаше околу триесет години кога го започна Своето јавно дејствување. Според мислењето на луѓето, Исус беше син на Јосиф, кој, пак, беше син Хелиев,
24потомок Мататов, Левиев, Малкиев, Јанаев, Јосифов,
25Матитиев, Амоцов, Наумов, Хеслиев, Нагаев,
26Маатов, Мататиев, Шимиев, Јосеков, Јодаев,
27Јохананов, Реишинов, Зерубавелов, Шалтиелов, Нериев,
28Малкиев, Адиев, Косамов, Елмаданов, Еров,
29Јешуов, Елиезеров, Јорамов, Мататов, Левиев,
30Шимонов, Јудин, Јосифов, Јонамов, Елијакимов,
31Малахов, Манахов, Мататаов, Натанов, Давидов,
32Јишајев, Оведов, Боазов, Салмонов, Нахшонов,
33Аминадавов, Админов, Арниев, Хецронов, Перецов, Јудин,
34Јаковов, Исаков, Авраамов, Тераов, Нахоров,
35Серугов, Реуов, Пелегов, Еверов, Шелахов,
36Кеинанов, Арпахшадов, Шемов, Ноев, Лемеков,
37Метушелахов, Енохов, Јередов, Махалалелов, Кеинанов,
38Еношов, Шетов, Адамов, Божји.

Селектирано:

Лука 3: MNT

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност