Меѓу фарисеите имаше еден човек по име Никодим, кој беше еврејски верски старешина. Тој дојде кај Исус ноќе и му рече: „Раби, знаеме дека Ти си учител дојден од Бог, зашто овие чуда што Ти ги правиш никој не може да ги прави, ако Бог не е со него!“ Исус му одговори: „Најсериозно ти велам: ако човек наново не се роди, не може да го види Божјото царство!“ „Како може стар човек наново да се роди!?“ - праша Никодим. „Може ли да се врати во утробата на својата мајка и повторно да се роди!?“ Исус му одговори: „Ти велам и ти нагласувам: ако човек не се роди од вода и Дух, не може да влезе во Божјото царство! Телото може да роди само тело, додека Светиот Дух раѓа нов, духовен живот, од небото. Не чуди се што ти реков: ,Морате наново да се родите!‘ Ветрот дува каде што сака. Звукот му го слушаш, но не знаеш од каде доаѓа и каде оди. Така е со секој што е роден од Духот.“ „Како може тоа да биде!?“ - праша Никодим. Исус му рече: „Како можеш да му бидеш учител на израелскиот народ, а да не го знаеш тоа!? Најсериозно ти велам: ние знаеме што зборуваме и сведочиме за она што сме го виделе, а вие нашето сведоштво не го примате. Ако не Ми верувате кога ви зборувам за земни работи, како ќе Ми верувате ако ви зборувам за небесни работи!? Никој не бил горе на небото, освен Синот Човечки, Кој слезе од небото. Исто како што Мојсеј ја подигна бронзената змија во пустината, така ќе мора и Јас, Синот Човечки, да бидам подигнат. Тогаш секој што ќе поверува во Мене, ќе се здобие со вечен живот.
Прочитај Јован 3
Сподели
Спореди ги сите верзии: Јован 3:1-15
5 дена
Секојдневно кога читаш, размислувај и примени го Божјиот Збор во твојот живот и ќе бидеш подобро опремен да ја препознаеш неприродната светлина на непријателот, да останеш на Божјиот осветлен пат и да светеш силно за Христос во твојот дом и заедница.
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа