Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Ефесјаните 3

3
1Токму поради тоа што ви проповедам за Исус Христос и вам кои не сте Евреи, јас, Павле, сега лежам в затвор.
2Вие сигурно сте слушнале дека Бог ми ја довери задачата да ви ја проповедам Неговата милост и љубов спрема вас, неевреите.
3Тој ми го откри и објасни Неговиот таен план. (За тоа порано накратко ви пишував,
4и можете да прочитате, за да дознаете како ми беше откриена тајната за Христос.)
5На претходните поколенија таа тајна не им беше објавена. Бог сега, преку Светиот Дух, им ја откри на Неговите свети апостоли и пророци.
6Од Радосната вест дознаваме дека тајната е во тоа што по заслуга на Исус Христос и нееврејските народи се соучесници во ветувањата што ги даде Бог, сонаследници со Евреите и органи на истото тело.
7Бог беше многу милостив и благонаклонет спрема мене. Неговата сила ми даде дарба и задача да ја ширам Радосната вест.
8Спрема мене, најмалку достојниот од сите Божји избраници, Бог беше благонаклонет и ме одбра да им ја проповедам Радосната вест на нееврејските народи, веста дека им стојат на располагање неисцрпни богатства, се по заслуга на Христос.
9Бог, Создателот на се што постои, ме одбра да им го објаснувам на сите луѓе Божјиот план, што со векови беше скриен во Неговиот ум.
10Целта беше преку формирањето на Црквата да им се покаже на сите владетели и власти во небесните простори дека Бог има многустрана мудрост.
11Сето тоа беше во согласност со Божјиот вечен план, што се оствари преку нашиот Господ Исус Христос.
12Во заедништво со Христос и преку вера во Него ние можеме смело и со целосна доверба да Му пристапуваме на Бог.
13Затоа ве молам да не се обесхрабрувате поради страдањата низ кои сега јас минувам. Тие ќе бидат за ваша полза, за ваша слава.
14Кога само ќе помислам на Божјата мудрост и на Неговиот план, на колена паѓам пред небесниот Татко,
15Создателот на секој род, и на небото и на Земјата.
16Го молам Бога, од Својата огромна слава, преку Неговиот дух, да ви даде внатрешна сила, за да бидете непоколебливи.
17Христос, преку вера, да се всели во вашите срца. Да пуштите корени и цврсто да се закрепите во Божјата љубов,
18за да бидете способни, заедно со сите побожни луѓе, да сфатите колку широка и долга, колку висока и длабока е Неговата љубов.
19Да ја искусите таа несфатливо голема љубов и така целосно да се исполните со сета полнота што доаѓа од Бог.
20А сега на Бог, Кој со Својата делотворна моќ може да направи за нас многу повеќе од она што можеме да го посакаме или замислиме,
21нека Му биде оддавана слава преку Црквата и преку Христос Исус, во сите поколенија и за вечни времиња! Амин!

Селектирано:

Ефесјаните 3: MNT

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност