Лого на YouVersion
Икона за пребарување

П.надПесн. 1

1
1Соломоновата Песна над песните
2Бакни ме со бакнеж на својата уста, твојата љубов е послатка од вино.
3Мирис на најдобрите мириси, твоето име е разлеано масло, затоа те љубат девиците.
4Повлечи ме по себе, да бегаме! Царот ме воведе во своите соби. Ќе се веселиме и ќе се радуваме заради тебе, ќе ја славиме твојата љубов повеќе од виното; достојно е да те љубат!
5Ерусалимски ќерки, црна сум, но убава, како кедровите шатори, како Соломоновите завеси.
6Не гледајте дека сум поцрнета, зашто сонцето ме опали. Синовите на мајка ми се разгневија на мене, ме поставија да ги чувам лозјата; а моето лозје, не го чував.
7Кажи ми ти, кого го љуби мојата душа: каде пасеш? Каде одмараш на пладне? за да не скитам, барајќи те, околу стадата на твоите другари!
8Ако не го знаеш тоа, о, најпрекрасна меѓу жените, излези и следи ги трагите на стадата, и паси ги твоите јариња околу пастирските шатори.
9Те споредувам со коњите во фараоновите коли, моја возљубена.
10Прекрасни се твоите образи меѓу ушниците; твојот врат со ѓерданите;
11ќе направиме златни обетки, за тебе, со сребрени приврзоци.
12Додека царот се одморува на своите постели, мојот нард мириса.
13Мојот возљубен е како страк смирна, што почива меѓу моите гради.
14Мојот возљубен е како кипров грозд од енгадските лозја.
15О, ти си прекрасна, моја возљубена; колку си убава! имаш очи како гулабица.
16О, ти си прекрасен, мој возљубен, и љубезен! Зеленилото е наша постела.
17Кедрите се греди на нашите куќи, а кипарисите покрив.

Селектирано:

П.надПесн. 1: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност