Лого на YouVersion
Икона за пребарување

РИМЈАНИТЕ 4

4
1И така, што ќе речеме дека нашиот прататко Авраам добил по тело? 2Зашто, ако е Авраам оправдан врз основа на своите дела, може да се фали, но не пред Бога! 3Но, што вели Писмото: „Авраам Му поверува на Бога и тоа му се засмета за праведност.“ 4А на оној, кој работи, платата не му се засметува по милост, туку по долг; 5додека на оној, кој не работи, а верува во Оној, Кој го оправдува безбожникот, неговата вера му се засметува за праведност, 6така и Давид го наречува блажен човекот, кому Бог му ја засметува праведноста без дела: 7“Блажени се оние, чии беззаконија се простени и чии гревови се покриени! 8“Блажен е човекот, кому Господ не му засметува грев!“ 9Дали блаженството се однесува само за обрезаните, или и за необрезаните? Зашто ние велиме: „На Авраама верата му се засмета за праведност.“ 10Па како му се засмета? Кога беше обрезан или кога беше необрезан? Не кога беше обрезан, туку кога беше необрезан. 11И го прими знакот на обрезанието како печат на праведноста, што ја доби преку верата како необрезан, за да им биде татко на сите, кои веруваат како необрезани; за да им се засмета и ним тоа во праведност, 12и да им биде татко и на обрезаните, но не на оние, кои се само обрезани, туку кои и одат по стапките на верата на нашиот татко Авраам, која ја имаше додека уште беше необрезан.
13Зашто, ветувањето на Авраама, или на неговото потомство, дека ќе биде наследник на светот, не дојде преку Законот, туку преку праведноста од верата. 14Имено, ако се наследници само оние од Законот, тогаш верата е без значење; и ветувањето е поништено. 15Зашто Законот донесува гнев; а каде нема Закон нема ни престапување! 16Затоа тоа е од верата, за да биде по благодат, така што ветувањето да му биде обезбедено на сето потомство; не само на она од Законот, туку и на она од Авраамовата вера; кој е татко на сите нас, 17како што е напишано: „Те поставив татко на многу народи“ - пред Бога; Кому Му поверува; Кој ги оживува мртвите и ги повикува оние нешта што не се во битие. 18Без надеж, тој се надеваше и поверува дека ќе стане татко на многу народи, според реченото: „Такво ќе биде твоето семе.“ 19И не ослабна во верата, кога го имаше во предвид своето веќе умртвено тело, зашто беше околу сто години, и умртвеноста на Сарината утроба; 20не се посомнева во Божјото ветување, туку зајакна во верата и Му даде слава на Бога, 21наполно уверен дека е силен да го исполни она што го ветил. 22Затоа тоа му се засмета за праведност. 23Но не е напишано само за него „дека му се засмета“ 24туку и за нас на кои ќе ни се засмета, затоа што веруваме во Оној, Кој Го воскресна од мртвите Исуса, нашиот Господ. 25Кој беше предаден за нашите гревови и беше воскреснат за наше оправдание.

Селектирано:

РИМЈАНИТЕ 4: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност