РИМЈАНИТЕ 2:5-16
РИМЈАНИТЕ 2:5-16 MKB
Но со твојата закоравеност и со непокајаното срце самиот собираш гнев врз себе, за денот на гневот и на откривањето на праведниот Божји суд, Кој ќе му даде секому според неговите дела: на оние, кои со трпение прават добро и бараат слава, чест и непропадливост - вечен живот; а на оние, кои се противаат и не ѝ се покоруваат на вистината, а се покоруваат на неправдата - гнев и јарост. Неволја и мака на секоја човечка душа, која прави зло; а најпрвин на Јудеец, па и на Грк! А слава, чест и мир за секого, кој прави добро; а најпрвин на Јудеец, па и на Грк! Зашто Бог не гледа на лице. Зашто, кои згрешиле без Закон, без Закон и ќе загинат; а сите кои згрешиле под Закон, според Законот ќе бидат осудени. Бидејќи, пред Бога не се праведни оние, кои само го слушаат Законот, а ќе бидат оправдани оние, кои се извршители на Законот. Зашто кога народите, кои немаат Закон, го исполнуваат - по природа - она што Законот го бара; тогаш тие се, немајќи Закон, сами за себе закон. Тие покажуваат дека делото на Законот е напишано во нивните срца, за што сведочат: нивната совест и нивните мисли, што меѓусебно се обвинуваат или се бранат, во Денот, кога Бог преку Исуса Христа, според моето Евангелие, ќе ги суди човечките тајни.

