РИМЈАНИТЕ 2:1-11
РИМЈАНИТЕ 2:1-11 MKB
Затоа немаш изговор човеку, кој судиш - кој и да си ти - зашто судејќи го другиот, самиот се осудуваш; бидејќи ти кој судиш, го правиш истото. А знаеме дека Божјиот суд е според вистината врз тие, кои прават такви работи. Мислиш ли, о човеку, кој им судиш на оние, кои прават такви работи, а истото го правиш, дека ќе го избегнеш Божјиот суд? Или ги презираш: богатството на Неговата благост, кротоста и долготрпеливоста, а не знаеш дека Божјата добрина те води кон покајание? Но со твојата закоравеност и со непокајаното срце самиот собираш гнев врз себе, за денот на гневот и на откривањето на праведниот Божји суд, Кој ќе му даде секому според неговите дела: на оние, кои со трпение прават добро и бараат слава, чест и непропадливост - вечен живот; а на оние, кои се противаат и не ѝ се покоруваат на вистината, а се покоруваат на неправдата - гнев и јарост. Неволја и мака на секоја човечка душа, која прави зло; а најпрвин на Јудеец, па и на Грк! А слава, чест и мир за секого, кој прави добро; а најпрвин на Јудеец, па и на Грк! Зашто Бог не гледа на лице.

