РИМЈАНИТЕ 10:8-11
РИМЈАНИТЕ 10:8-11 MKB
Но што зборува таа: „Словото е близу до тебе, во твојата уста и во твоето срце,“ односно, словото на верата, која ја проповедаме. Зашто, ако со твојата уста исповедаш, дека Исус е Господ и ако во твоето срце поверуваш, дека Бог Го воскреснал од мртвите, ќе бидеш спасен. Зашто со срцето се верува за праведност, а со устата се исповедува за спасение, зашто Писмото вели: „Секој, кој верува во Него, нема да се засрами.“

