Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПСАЛМИ 56:1-13

ПСАЛМИ 56:1-13 MKB

Смилувај ми се мој Боже, зашто човекот сака да ме проголта; мојот напаѓач непрекратно ме угнетува. Моите непријатели се нафрлаат врз мене секој ден; мнозина се оние, што војуваат против мене. Кога стравот ме опфаќа, на Тебе ќе се надевам. Во Бога јас ќе го фалам Неговото слово; јас се надевам на Бога и нема да се плашам, што може да ми направи смртник? Од утро до вечер, ми ги изопачуваат зборовите; сите нивни помисли се зло за мене. Се состануваат и дебнат; внимаваат на моите чекори; за да ја уловат мојата душа. Плати им според беззаконието, о Боже, со гнев обори ги незнабошците! Ти ги изброи дните на моите скитања, ги собра моите солзи во Твојот сад; не е ли запишано сѐ во Твојата книга? Моите непријатели ќе се повлечат, штом ќе Те повикам. Од ова знам дека Бог е за мене! Го славам Божјото слово, го славам Господовото слово. Се надевам на Бога и нема да се плашам: што може да ми направи човек? Ме врзуваат заветите што Ти ги направив Тебе, о Боже, ќе Ти принесам благодарни жртви, зашто ми ја спаси душата од смрт. Ти ги запази моите нозе од паѓање за да одам пред Бога, во светлината на живите.