Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 23

23
1Давидов псалм. Господ е Пастир мој; ништо нема да ми недостасува,
2На зелени пасишта Тој ми дава починка; При тивки води - ме води.
3Ја освежува мојата душа, ме води по патеките на правдата, поради Своето име.
4Ако тргнам и низ долината на смртната сенка, нема да се уплашам од злото, зашто Ти си со мене. Твојот жезал и Твојата палка ме утешуваат.
5Приготвуваш трпеза пред мене, пред погледот на моите непријатели. Ја помаза мојата глава со масло, мојата чаша се прелева.
6Навистина, благоста и милоста ќе ме следат, низ сите денови на мојот живот. И јас ќе престојувам во Господовиот дом засекогаш.

Селектирано:

Псалми 23: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност