Алилуја! Благодарете Му на Господа, зашто е благ, зашто е вечна Неговата милост! Нека рече Израелевиот дом: „Вечна е Неговата милост!“ Нека рече Ароновиот дом: „Вечна е Неговата милост!“ Нека речат сите што се бојат од Господа: „Вечна е Неговата милост!“ Го повикав Господа во тешкотија: Господ ме услиши и ме ослободи. Господ е со мене и јас не се плашам: што може да ми направи човек? Господ е со мене, помеѓу моите помошници, затоа гледам радосно на оние кои ме мразат. Подобро е да се надева некој на Господа, отколку да се надева на човек; подобро е некој да се надева на Господа, отколку да се надева на кнезовите. Сите народи ме опкружија, ги истребив во Господовото име. Ме опкружија отсекаде; ги истребив во Господовото име. Ме опкружија како пчели, нивното боцкање жеже како запалени трња: ги истребив со Господовото име. Ме туркаа, силно за да паднам, но Господ ми помогна. Господ е моја сила и песна, Тој ми е спасител. Чуј! Радост и спасение се слуша во шаторите на праведниците; Господовата десница се прослави, Господовата десница ме издигна, Господовата десница се прослави! Не, нема да умрам, туќу ќе живеам и ќе ги кажувам Господовите дела. Господ ме казни со тешка казна, но не ме предаде на смрт.
Прочитај ПСАЛМИ 118
Сподели
Спореди ги сите верзии: ПСАЛМИ 118:1-18
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа