ПОСЛОВИЦИ 31:10-20
ПОСЛОВИЦИ 31:10-20 MKB
Кој ќе најде добродетелна жена? Таа вреди повеќе од бисери. Мажовото срце се надева во неа, и не ќе му недостига печалба. Таа му прави добро, а не зло, во сите дни на својот век. Набавува волна и лен, и вешто работи со своите раце. Таа е како трговски брод: оддалеку го донесува својот леб. Таа станува уште во ноќта, ги храни своите домашни и им одредува работа на своите прислужнички. Ако забележи нива ја купува; со плодот на своите раце сади лозје. Со сила ги опашува своите бедра, и ги зајакнува своите мишки. Гледа како ѝ напредува работата: ноќе не ѝ гасне светилката. Со рацете посегнува по предилката, и со прстите го држи вретеното. Ја отвора својата дланка на бедниот, ги испружува рацете кон оној кој има потреба.

