Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Авдија 1

1
1Авдиево видение. Господ Бог зборува вака за Едом: Ја чувме веста од Господа, гласник беше испратен меѓу народите, „Станувајте, да тргнеме во бој против него!”
2Зашто ете, ќе те направам најмал меѓу народите, многу презрен.
3Гордоста на твоето срце те заведе, тебе што живееш во камени пештери, во својот висок стан, и зборуваш во своето срце: ‘Кој ли ќе ме слезе на земја?’
4Да се извисиш како орел, да свиткаш гнездо меѓу ѕвездите, и оттаму ќе те слезам - говори Господ.
5Ако дојдат крадци при тебе или ноќните разбојници, - како ли ќе бидеш разурнат! - Не ќе ли те искрадат колку што им е доста? Ако дојдат гроздоберачите кај тебе, зар не ќе го остават доберокот?
6Како ли беше претресен Исав, како му беа пребарани скриените му блага!
7Те спотераа до границата, сите твои сојузници, луѓето, што живееја во мир со тебе, те измамија! Оние што го јадат твојот леб, ти ставија стапица: ‘Нема разбирање во него!’
8Во оној ден - говори Господ - не ќе ли ги уништам мудреците од Едом и разумот од Исавовата гора?
9Твоите јунаци, Темане, ќе ги опфати ужас, и последниот ќе биде истребен со колеж од Исавовата Гора.
10За насилството над својот брат Јаков срам ќе те покрие, и ќе бидеш истребен засекогаш.
11Во оној ден кога стоеше настрана, додека туѓинците му ја однесуваа војската во ропство, додека странците влегуваа низ неговите порти и фрлаа жрепки за Ерусалим, ти беше како еден од нив.
12Не требаше да гледаш во денот на брата си, во денот на неговата несреќа. Не ликувај над јудејските синови во денот на нивната пропаст. Не отворај ја гордо својата уста во денот на неволја.
13Не требаше да влегуваш во портата на Мојот народ во денот на неговата несреќа. Не се насладувај на неговото зло во денот на неговата несреќа. Не испружувај ги рацете на неговиот имот во денот на неговата несреќа.
14Не требаше да стоиш на раскрсниците за да ги истребиш неговите бегалци. Не ги затворај неговите преживеани во денот на неволја.
15Зашто близу е Господовиот ден за сите народи. Како што си направил, така ќе ти направат, твоите постапки ќе ти се вратат на твојата глава.
16Да, како што вие пиевте на светата Ми гора, ќе пијат сите народи непрекратно, ќе пијат и ќе локаат - и ќе бидат како никогаш да не ги било.
17Но на гората Сион ќе бидат спасените, ќе стане света, и Јакововиот дом повторно ќе го земе во посед своето наследство.
18Јакововиот дом ќе биде оган, Јосифовиот дом пламен, Исавовиот дом слама. Ќе го потпалат и ќе изгори и од Исавовиот дом не ќе остане никој - зашто Господ го рече тоа.
19Негевските жители ќе ја наследат Исавовата гора, а рамнините, Филистејската земја; ќе ги наследат Ефремовиот крај и Самарискиот крај, а Венијамин ќе го наследи Галад.
20И некогаш заточената војска на Израелевите синови ќе го наследи Ханаан сè до Сарепта; ерусалимските заробеници што се во Сефарад ќе ги наследат негевските градови.
21Избавителите ќе се искачат на гората Сион, за да и судат на Исавовата гора. И тогаш Царството ќе биде на Господа.

Селектирано:

Авдија 1: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност