Лого на YouVersion
Икона за пребарување

МАРКО 15

15
Исус пред Пилата
1И веднаш наутро, прво-свештениците, со стареши-ните и книжниците и целиот Синедрион, Го врзаа Исуса, Го одведоа и му Го предадоа на Пилата. 2И Пилат Го праша: „Ти ли си Јудејскиот Цар?“ А Тој му одговори и рече: „Ти велиш!“ 3Првосвештениците Го обвинуваа многу. Но Тој не одговори ништо. 4А Пилат пак Го праша: „Ништо ли не одговараш? Гледај, колку Те оптужуваат!“ 5Но Исус веќе ништо не одговори, така што Пилат се чудеше.
6А на секој празник им пушташе по еден затвореник, кого ќе го побараа. 7Беше во окови наре-чениот Варава, со своите собунтовници, кои во буната беа извршиле убиство. 8И народот извика гласно и почна да го бара она, што секогаш им го правел. 9А Пилат им одговори, велејќи: „Сакате ли да ви Го пуштам Јудејскиот Цар?“ 10Зашто знаеше дека првосвештениците Го пре-дадоа од завист. 11Но прво-свештениците го наговорија народот: подобро да им го пушти Варава. 12А Пилат пак одговори и им рече: „Тогаш, што да направам со Оној, Кого Го викате Јудејски Цар?“ 13Но тие извикаа повторно: „Распни Го!“ 14Пилат пак им рече: „Какво зло направил?“ Но тие извикаа уште посилно: „Распни Го!“ 15Тогаш Пилат, сакајќи да му угоди на народот, им го пушти Варава, а Исуса, откако Го бичу-ваа, Го предаде да биде распнат.
16Војниците Го одведоа внатре во дворот, односно во преторијата, и повикаа цела чета. 17И Му облекоа пурпурна облека; сплетоа венец од трње и го положија на Него. 18И почнаа да Го поздравуваат: „Здра-во, Јудејски Царе!“ 19И Го удираа со трска по главата, Го плукаа и паѓајќи на колена Му се клањаа. 20А кога Му се наругаа, ја собле-коа од Него пурпурната наметка и Му ја облекоа Неговата облека, и Го поведоа да Го распнат.
Распнување
21И натераа еден минувач, Симон Киринеец, кој се враќаше од полето, татко Александров и Руфов, да го носи Неговиот крст. 22И Го доведоа на местото Голгота, што значи Место На Черепи. 23И Му даваа вино со смирна, но Тој не прими. 24Потоа Го распнаа и ги разделија Неговите облеки, фрлај-ќи жрепка за нив - кој што да земе. 25А беше третиот час, кога Го распнаа. 26И беше напишан натпис, што ја означуваше Неговата вина: „Јудејски Цар.“ 27И со Него распнаа двајца разбојници; едниот оддесно, а едниот одлево, до Него. 28И се исполни Писмото кое вели: „И Го вброија меѓу злосторници.“
29А минувачите Го хулеа, вртејќи со своите глави и велејќи: „Уа! Ти што го уриваш Храмот и го соѕидуваш за три дни, 30спаси Се Себеси и слези од крстот!“ 31Слично се ругаа првосвештениците, заедно со книжниците, говорејќи еден на друг: „Другите ги спаси, а Себе не може да се спаси! 32Христос - Израелевиот Цар! Нека слезе сега од крстот, да видиме и да поверуваме!“ Го навредуваа и оние, кои беа распнати со Него. 33А во шестиот час, настана темнина по сета земја, до деветтиот час. 34А во деветтиот час Исус извика со силен глас: „Или! Или! Лама Савахтани!“- што значи: „Боже Мој, Боже Мој, зошто Ме остави!“ 35Штом го чуја тоа, некои од оние, кои стоеја таму, рекоа: “Ете, го вика Илија!“ 36И еден отрча и накваси сунѓер во киселина, ја надена на трска и Му даде да пие, велејќи: „Оставете, да видиме дали ќе дојде Илија да Го симне!“ 37А Исус викна со силен глас и издивна. 38И храмската завеса се расцепи надве, одозгора до долу. 39А кога виде стотникот, кој стоеше спроти Него, дека така издивна, рече: „Навистина, Овој човек беше Божји Син!“ 40А оддалеку гледаа и жени, меѓу кои беше Марија Магдалена, Марија мајка на Јаков малиот и на Јосија и Салома, 41кои одеа по Него, кога беше во Галилеја, и Му служеа, и многу други, кои дојдоа со Него во Ерусалим.
Исусово погребение
42А кога веќе се свечери, бидејќи беше подготвување, односно ден спроти сабота. 43Дојде Јосиф од Ариматеја, почитуван советник, кој и самиот го чекаше Божјото Царство, се осмели и влезе при Пилата и го побара Исусовото тело. 44А Пилат се зачуди дека веќе починал; и го повика стотникот и го праша дали починал одамна. 45А штом узна од стотникот, му го даде на Јосифа мртвото тело. 46Тој купи ленено платно, Го симна, Го завитка во платното и Го положи во гроб, што беше издлабен во карпа, и навали камен пред вратата на гробот. 47А Марија Магдалена и Марија Јосие-ва гледаа каде е положен.

Селектирано:

МАРКО 15: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност