А Исус му рече: „Следи Ме и остави ги мртвите да ги погребуваат своите мртовци.“ И кога влезе во коработ, Неговите ученици Го следеа. И ете, голема бура се подигна во морето, така што брановите го покриваа коработ; а Тој спиеше. И Му пристапија учениците и Го разбудија, велејќи: „Господи, спаси нѐ! Загинуваме!“ И им рече: „Зошто се боите, маловерни?“ Тогаш стана, ги прекори ветровите и морето, и настана голема тишина. А луѓето се зачудија и рекоа: „Каков е Овој, та и ветровите и морето Му се покоруваат!?“
Прочитај МАТЕЈ 8
Сподели
Спореди ги сите верзии: МАТЕЈ 8:22-27
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа