Лого на YouVersion
Икона за пребарување

МАТЕЈ 19:10-15

МАТЕЈ 19:10-15 MKB

Учениците Му рекоа: „Ако е тоа причината меѓу мажот и жената, подобро да не се жени.“ А Тој им рече: „Сите не можат да ги сфатат тие зборови, туку оние, на кои им е дадено. Зашто има скопци, кои се родени така од мајчината утроба, и има скопци, кои се скопени од луѓе, и има скопци, кои самите се скопиле заради небесното царство. Кој може да прими, нека прими!“ Тогаш доведоа дечиња при Него, за да ги положи рацете над нив и да се помоли; но учениците ги укорија. А Исус рече: „Оставете ги децата и не им пречете да дојдат при Мене, зашто на таквите им припаѓа небесното царство.“ И ги положи рацете на нив, и си отиде оттаму.