Лого на YouVersion
Икона за пребарување

МАТЕЈ 17:14-23

МАТЕЈ 17:14-23 MKB

И кога дојдоа при мноштвото, еден човек Му пристапи, падна на колена пред Него и рече: “Госпо-ди, смилувај му се на мојот син, зашто е месечар и се мачи многу; зашто често паѓа во огнот и често во водата. И го доведов при Твоите ученици, а тие не можеа да го исцелат.“ И Исус одговори и рече: „О, неверен и развратен роде! До кога ќе бидам со вас? До кога ќе ве трпам? Доведете Ми го тука.“ И Исус го прекори, и излезе демонот од него, и момчето беше исцелено од тој час. Тогаш учениците дојдоа при Исуса наса-мо и рекоа: „Зошто не можевме ние да го изгониме?“ А Тој им рече: „Заради вашето неверие; зашто, вистина ви велам, ако имате вера колку синапово зрно, ќе ѝ речете на оваа гора: ‘Преме-сти се оттука таму!’, и ќе се премести, и ништо нема да ви биде невозможно. А овој род не излегува освен преку молитва и постење.“ И додека беа заедно во Галилеја, Исус им рече: „Синот Човечки ќе биде предаден во раце човечки, и ќе Го убијат, и на третиот ден ќе биде воскреснат.“ И тие многу се нажалија.