МАТЕЈ 16:13-18
МАТЕЈ 16:13-18 MKB
А кога Исус дојде во околината на Кесарија Филипова, ги праша Своите ученици и рече: „Што велат луѓето, Кој е Синот Чове-чки?“ А тие рекоа: „Едни велат дека е Јован Крстител; други Илија, а други пак Еремија или еден од пророците.“ Тој им рече: „А вие што велите, Кој Сум Јас?“ Симон Петар одговори и рече: „Ти си Христос, Син на живиот Бог.“ Исус одговори и му рече: „Блажен си, Симоне, сине Јонин, зашто тело и крв не ти го открија тоа, туку Мојот Татко, Кој е во небесата. И Јас ти велам, дека ти си Петар, и на тој Камен ќе ја изградам Мојата Црква, и портите на пеколот нема да надвладеат наспроти неа.

