МАТЕЈ 15:10-39
МАТЕЈ 15:10-39 MKB
И го повика мноштвото и им рече: „Слушајте и разберете! Не она, што влегува во устата го онечистува човекот, туку она што излегува од устата, тоа го онечистува човекот.“ Тогаш учениците Му се приближија и рекоа: „Знаеш ли, дека фарисеите се соблазнија кога го чуја тој збор?“ А Тој одговори и рече: „Секоја садница, што не ја насадил Мојот небесен Татко, ќе биде откорната. Оставете ги. Тие се слепи водачи на слепите; а ако слепец води слепец, обата ќе паднат во јама.“ А Петар одговори и Му рече: „Објасни ни ја параболава.“ А Исус им рече: „И вие ли сте уште без разбирање? Не разбирате ли дека сѐ што влегува во устата оди во стомакот и се исфрла надвор? А она, што излегува од устата, произлегува од срцето, и тоа го онечистува чове-кот. Зашто од срцето произлегуваат: зли мисли, убиства, прељуби, блудства, кражби, лажни сведо-штва, хули. Тие се нештата кои го онечистуваат човекот. А јаде-њето со неизмиени раце не го онечистува човекот.“ И откако излезе оттаму, Исус се повлече во краевите на Тир и Сидон. И ете, жена Хананејка, излезе од оние краишта и извика кон Него, велејќи: „Смилувај ми се, Господи, Сине Давидов! Мојата ќерка е лошо опседната од демон.“ Но Тој не ѝ одговори ни збор. И приближувајќи Му се, Неговите ученици Го молеа, велејќи: „Отпу-шти ја, зашто вика по нас.“ Но Тој одговори и рече: „Јас не Сум испратен, освен при загубените овци на домот Израелев.“ Таа дојде пак и Му се поклонуваше, велејќи: „Господи, помогни ми!“ А Тој, одговарајќи ѝ рече: „Не е добро да им се земе лебот на децата и да им се фрли на кучињата.“ Но Таа рече: „Да, Господи, но дури и кучињата јадат од трош-ките, што паѓаат од трпезата на нивните господари.“ Тогаш Исус ѝ одговори и ѝ рече: „О, жено, голема е твојата вера; нека ти биде по твојата желба. И нејзината ќерка беше исцелена од оној час. И откако замина оттаму, Исус дојде покрај морето Галилејско, се искачи на гората и седна таму. И дојдоа при Него големи мноштва, кои имаа со себе: хроми, слепи, неми, сакати и многу други, и ги положија пред Исусовите нозе, и Тој ги исцели, така што мно-штвата се восхитуваа како гледаа немите да зборуваат, сакатите здрави, хромите да одат и слепите да гледаат; и Го прославуваа Бога Израелев. А Исус ги повика Своите ученици при Себе, и рече: „Исполнет Сум со сожалување кон мноштвото, зашто веќе три дни останаа со Мене и немаат што да јадат; а не сакам да ги распуштам гладни, за да не премалеат по патот.“ И учениците Негови Му рекоа: „Откаде ни во пустината толку леб, за да наситиме толку големо мноштво?“ И Исус им рече: „Колку лебови имате?“ Тие рекоа: „Седум и неколку рипчиња.“ И му заповеда на мноштвото да поседне по земјата; ги зеде седумте лебови и рибите, благодари и ги раскрши; и им даде на учениците, а учениците на мно-штвото. И сите јадоа и се наситија; и го дигнаа преостанатото од парчињата, седум кошеви полни. А оние, кои јадеа, беа четири илјади мажи, освен жените и децата И штом ги распушти мноштвата, влезе во коработ, и дојде во пределите на Магдала.



