Лого на YouVersion
Икона за пребарување

МАТЕЈ 10:16-23

МАТЕЈ 10:16-23 MKB

“Ете, Јас ве испраќам како овци меѓу волци; затоа бидете мудри како змии и безопасни како гулаби. Чувајте се од луѓето, зашто ќе ве предаваат на судовите и ќе ве бичуваат во своите синагоги. Ќе ве изведуваат пред управителите и царевите, заради Мене, за сведоштво на нив и на народите. А кога ќе ве предадат, не грижете се како или што ќе зборувате, зашто во оној час ви е дадено што треба да кажете; зашто не сте вие кои зборувате, туку Духот на вашиот Татко, Кој зборува во вас. А братот ќе го предаде брата си на смрт, и таткото - детето, и децата ќе станат против родителите и ќе ги убиваат. И ќе бидете намразени од сите заради Моето име; но, кој претрпи до крај, тој ќе биде спасен. Кога ќе ве гонат во градов, бегајте во друг; зашто вистина ви велам, нема да ги обиколите израелевите градови додека дојде Синот Човечки.“