Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЛУКА 14

14
Исцелување на болен од водена болест
1Кога еднаш во саботен ден влезе во куќата на некој фарисејски старешина, за да јаде леб, тие Го набљудуваа Него. 2И ете, пред Него беше еден човек, кој страдаше од водена болест. 3И Исус проговори и им рече на закониците и фарисеите: „Дозво-лено ли е да се лекува во сабота или не?“ 4А тие молчеа. И го допре, го излечи и го отпушти. 5А ним им рече: „Кој од вас, кога ќе му падне синот или волот во кладенец, не ќе го извади веднаш во сабота?“ 6И не можеа ништо да Му одговорат на тоа.
Прво и последно место
7А на гостите им кажа парабола, кога забележа како ги избраа првите места и им рече: 8“Кога ќе те повика некој на свадба, не седнувај на прво место, за да не повика случајно некој, кој е поугледен од тебе, 9и за да не ти рече - кога ќе дојде - оној, кој те повикал тебе, и него: ‘Отстапи му го местото на овој!’ И тогаш ќе треба засрамен да го заземеш последното место. 10Но, кога ќе те повикаат, оди и седни на последното место, за да ти рече - кога ќе дојде - оној, кој те повикал: ‘Пријателе, премести се погоре!’ Тогаш ќе имаш чест пред сите, кои се со тебе покрај трпезата. 11Зашто, секој кој се возви-шува, ќе биде понизен; а кој се понизува, ќе биде возвишен.“ 12Му рече и на оној, кој Го повика: „Кога даваш ручек или вечера, не повикувај ги своите пријатели, ни твоите браќа, ни своите роднини, ниту богатите соседи, за да не те повикаат и тие и да ти биде вратено. 13Туку кога даваш гозба, повикај ги бедните, сакатите, хромите и слепите! 14И ќе бидеш блажен, зашто немаат со што да ти вратат! Ќе ти биде вратено при воскресението на праведниците.“
Голема гозба
15Кога го чу тоа еден од гостите, Му рече: „Блажен е оној, кој ќе јаде леб во Божјото Царство!“ 16Тој му рече: „Еден човек при-готви голема вечера и повика мнозина. 17А кога беше време за вечера, го испрати својот слуга да им рече на повиканите: ‘Дојдете, зашто веќе сѐ е готово!’ 18И сите, како договорени, почнаа да се извинуваат. Првиот рече: ‘Купив нива и треба да отидам да ја видам. Те молам, извини ме!’ 19Другиот му рече: ‘Купив пет двојки волови и одам да ги пробам; те молам, извини ме!’ 20И третиот рече: ‘Се оженив, затоа не можам да дојдам!’ 21И слугата дојде и му го кажа тоа на својот господар. Тогаш домаќинот се разгневи и му рече на својот слуга: ‘Излези бргу на раскрсниците и градските улици и доведи ги ваму бедните, сака-тите, слепите и хромите!’ 22И слугата му рече: ‘Господаре, напра-вено е како што заповеда, но уште има место.’ 23И господарот му рече на слугата: ‘Излези по патиштата и по оградите и натерај ги да дојдат, за да се наполни мојот дом. 24Зашто ви велам: ниеден од повиканите нема да вкуси од мојата вечера.’“
Целосно следење на Исуса
25А кога големо множество одеше со него, Тој се заврти и им рече: 26“Ако некој дојде при Мене, а не ги намрази: татка си и мајка си, и жена си, и децата, и браќата и сестрите, па и својата сопствена душа, не може да биде Мој ученик. 27Кој не го носи својот крст и не оди по Мене, не може да биде Мој ученик. 28Зашто, кој од вас, кога сака да изгради кула, не ќе седне прво да ги пресмета трошоците, дали има со што да ја доврши? 29И, кога ќе ја постави основата, а не може да доврши, сите - кои гледаат - да почнат да му се потсмеваат, велејќи: 30’Овој човек почна да гради, а не можеше да доврши!’ 31“Или, кој цар, кога оди на војна против друг цар, прво не ќе седне да се посоветува, може ли со десет илјади да издржи пред оној, кој иде против него со дваесет илјади? 32Ако не може, испраќа пратеници додека е оној уште далеку и ќе моли за мир. 33Имено така, ако некој од вас не се одрече од сѐ што има, не може да биде Мој ученик. 34Солта е добра; но ако солта облутави, со што ќе се поправи? 35Ниту е за земјата, ниту за ѓубрето, ја исфрлаат надвор. Кој има уши да слуша - нека слуша.“

Селектирано:

ЛУКА 14: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност