ЛЕВИТ 12
12
Закон за очистување на родилка
1Господ му рече на Мојсеја: 2„Кажи им на Израелците: ‘Кога некоја жена ќе забремени и ќе роди машко дете, нека биде нечиста седум денови како што е нечиста во времето на својот месечен ред. 3На осмиот ден детето нека биде обрезано. 4А таа нека остане уште триесет и три дни, за да се очисти од својата крв; не смее да допира ништо свето, ниту да доаѓа во Светилиштето, додека не се исполни времето на нејзиното очистување. 5Ако роди женско, нека е нечиста две седмици, како за време на својот месечен ред, и нека остане уште шеесет и шест денови, за да се очисти од својата крв. 6Кога ќе се исполни времето на нејзиното чистење - било за синче, било за ќеркичка - нека му донесе на свештеникот, при влезот на Шаторот на средбата, едногодишно јагне за паленица и едно гулапче или грлица за жртва за грев. 7Тој нека го принесе тоа пред Господа и нека ја очисти; и таа ќе биде чиста од течењето на својата крв. Тоа е закон за жена, кога ќе роди било машко било женско чедо. 8Ако не е во состојба да принесе јагне, тогаш нека земе две грлици или две гулапчиња - едното за паленица, а другото за жртва за грев. Па свештеникот ќе направи да ѝ се покрие гревот и таа ќе биде чиста.’“
Селектирано:
ЛЕВИТ 12: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.