Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЈОВ 35

35
1Елиу ја продолжи својата беседа и рече: 2„Зар ти мислиш да го браниш своето право, да ја докажуваш праведноста пред Бога, 3кога Му велиш: „Зошто ти е важно тоа, ако грешам, што Ти чинам со тоа?“ 4Јас ќе ти одговорам тебе, на сѐ тоа, и на твоите пријатели едновремено. 5Погледни на небото и набљудувај! Гледај ги облаците: повисоки се од тебе! 6Ако грешиш, што направи против Него, што Му зададе со своите престапи? 7Ако си прав, зошто дојде при Него и што добива Тој од твојата рака? 8Твојата нечесност ги повредува сличните на тебе, и твојата правда му ползува на човекот. 9Но кога стенкаат под тешкиот јарем, кога викаат заради насилството на моќните, 10никој не вели: „Каде е Бог, мојот Творец, Кој ја исполнува ноќта со весела песна. 11Нѐ прави поумни од земните ѕверови и помудри од небесните птици?“ 12Тогаш викаат, но Тој не одговара заради гордоста на злосторниците. 13Но колку е суетно да се тврди дека Бог не ги слуша нивните викови, дека Сѐдржителот не свртува поглед на нив! 14А камоли кога ти велиш допрва: „Тој не ме гледа, мојата парница стои пред Него, а јас уште чекам на неа.“ 15Или: „Неговата лутина не казнува, тој воопшто не се грижи за престапите.“ 16Тогаш Јов напразно ја отвора устата и натрупува неразумни беседи.

Селектирано:

ЈОВ 35: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се