ЈОВ 34
34
В. Бог е праведен
1Елиу ја продолжи својата беседа и рече: 2„И вие мудреци, чујте што ќе речам, вие, умни луѓе, послушајте ме мене, 3зашто нашите уши ги испитуваат беседите, исто како што непцето ја испитува храната. 4Заедно да испитаме што е право и заедно да размислиме што е добро. 5Јов тврдеше: „Јас сум праведен, но Бог ми ја скратува мене правдата. 6Во право сум, а ме прават лажец, прострелан на смрт, а без своја вина!“ 7Зар има некаде човек како Јова, кој ја пие хулата како вода, 8кој чекори заедно со злочинците и го дели истиот пат со нечесните? 9Тој тврди: „Каква полза има човекот од тоа што сака да Му угоди на Бога? 10Затоа чујте ме, вие умни луѓе: Злото е многу далеку од Бога и неправедноста од Сѐдржителот. 11Па Тој му плаќа на човекот според делата секому му дава според неговото поведение. 12Навистина, Бог никогаш не прави зло, ниту Сѐдржителот ја извртува некогаш правдата. 13Кој освен Него мисли за земјата? И кој ја управува вселената? 14Кога Тој би го повлекол Своето срце кон Себе, кога би го вратил сиот Свој Дух кон Себе, 15сите суштества би издивнале одеднаш и човекот би се претворил во прав. 16Ако имаш разум, слушај го ова, и внимавај на моите зборови. 17Може ли да владее оној кој ја мрази правдата? Сакаш ли да го осудиш Најправедниот? 18Оној, Кој му вели на царот: „Никаквец!“ а на кнезот му говори: „Злосторнику!“ 19Кој не е пристрасен кон кнезовите, и еднаков Му е бедниот и богатиот, зашто тие се дело на Неговите раце? 20Умираат во еден миг: среде глува ноќ; народите се брануваат, поминуваат, моќните паѓаат без човечка рака. 21Зашто, Неговите очи се над човечките патишта, и Тој го гледа секој негов чекор. 22Нема таков мрак и ниту смртна сенка, каде би можеле да се скријат оние што прават неправда. 23Господ не му вели никому однапред, кога ќе стапи на суд пред Него. 24Тој ги сотира јаките без сослушување и поставува други на нивното место. 25И така, многу добро ги познава нивните дела! Среде ноќ, Тој ги кутнува и ги гази. 26Со удар ги бие заради нивната злоба, во место каде сите можат да ги видат. 27Зашто прекратија да одат по Него, ги занемарија Неговите патишта, 28гонејќи ги бедните да пискаат до Него и угнетуваните да лелекаат кон Него. 29Ама ако мирува, кој ќе Го трогне Него? Скрие ли го лицето, кој може да Го види? 30Бдее над народите, како и над човекот, да не завладее некој кој го заведува народот. 31Кога безбожникот ќе Му рече на својот Бог: „Ме заведоа, повеќе не ќе грешам. 32Не разбирам ли, поучи ме Ти сега и ако некогаш правев неправда, во иднина нема да ја вршам!“ 33Мислиш ли дека Бог треба да го казни него, додека ти ги презираш неговите замисли? Но кога одлучуваш ти а не јас, ајде сега, истреси ми ја својата мудрост! 34Сите умни луѓе ќе се сложат со мене и секој разумен, кој ќе ме чуе мене: 35„Јов зборуваше необмислено, нема мудрости во неговите зборови. 36Затоа, Јов нека се испита до крај, зашто одговара како злосторник; 37а на својот грев му додава уште побуна, тој плеска со дланките меѓу нас и ги натрупува своите хули против Бога.“
Селектирано:
ЈОВ 34: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: