Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЈОВАН 3:1-15

ЈОВАН 3:1-15 MKB

А меѓу фарисеите имаше еден човек, по име Никодим, јудеј-ски старешина. Тој дојде ноќе при Исуса и Му рече: „Рави! Знаеме дека си дојден од Бога како Учи-тел; зашто никој не може да ги прави чудесата, што ги правиш Ти, ако Бог не е со него.“ Исус му одговори и рече: „Вистина, вистина, ти велам, ако некој не се роди одозгора, тој не може да го види Божјото Царство.“ Никодим Му рече: „Како може да се роди човек, кога е стар? Зар може по вторпат да влезе во утробата на мајка си и да се роди?“ Исус му одговори: „Вистина, вистина, ти велам: ако некој не се роди од вода и Дух, тој не може да влезе во Божјото Царство. Роденото од тело, тело е; а роденото од Дух, дух е. Не чуди се што ти реков: треба да се родите одозгора. Ветерот дува каде што сака, и го слушаш неговиот шум, а не знаеш од каде доаѓа и каде оди. Така е со секој, кој е роден од Дух.“ Никодим Му одговори и рече: „Како може да биде тоа?“ Исус му одговори и рече: „Ти си Израелев учител, и не го знаеш ли тоа? Вистина, вистина, ти велам: зборуваме за она, што знаеме; сведочиме за она што сме виделе; а сепак не го примате нашето сведоштво. Не верувате кога ви зборував за земните работи, како ќе верувате ако ви кажувам за небесните? И никој не отишол во небо, освен Оној, Кој слезе од небото, Човечкиот Син Кој е во небото.“ И како што Мојсеј ја издигна змијата во пустината, така треба да биде издигнат Човечкиот Син, та секој, кој верува во Него да не загине, но да има вечен живот.