Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 18

18
1Штом го рече тоа, Исус излезе со Своите ученици преку потокот Кедрон, каде имаше градина, во која влезе со Своите ученици.
2А Јуда, Неговиот предавник, го знаеше тоа место, зашто Исус често се состануваше со Своите ученици таму.
3Тогаш Јуда зеде чета и служители од првосвештениците и од фарисеите, и дојде таму со светилки, факли и оружје.
4А Исус, знаејќи сè што ќе стане со Него, истапи и им рече: „Кого го барате?”
5Му одговорија: „Исуса Назареецот.” Исус им рече: „Јас Сум.” А со нив стоеше и Јуда, Неговиот предавник.
6А кога им рече: „Јас Сум”, се тргнаа назад и паднаа на земјата.
7Тогаш пак ги праша: „Кого го барате?” А тие рекоа: „Исуса Назареецот!”
8Исус им одговори: „Ви реков дека Сум Јас; и така, ако Ме барате Мене, пуштете ги овие да си одат!”
9За да се исполни словото, што го рече: „Не изгубив ни еден од оние, кои си Ми ги дал.”
10А Симон Петар имаше меч, го извлече, го удри слугата на првосвештеникот и му го отсече десното уво; а името на слугата му беше Малх.
11Тогаш Исус му рече на Петра: „Стави го мечот во ножницата! Зар да не ја пијам чашата, што ми ја даде Мојот Татко?”
12Тогаш четата, заповедникот и јудејските слуги Го фатија Исуса и Го врзаа,
13и Го одведоа првин при Ана; имено, тој му беше тест на Кајафа, кој беше првосвештеник во онаа година.
14А Кајафа беше оној, кој ги посоветува Јудејците, дека е подобро да умре еден човек за народот.
15По Исуса одеа: Симон Петар и еден друг ученик. Ученикот му беше познат на првосвештеникот, и влезе со Исуса во првосвештениковиот двор.
16А Петар стоеше надвор, пред вратата. Тогаш другиот ученик, кој му беше познат на првосвештеникот, излезе, проговори со вратарката и го воведе Петра.
17Тогаш слугинката, вратарка, му рече на Петра: „Да не си и ти еден од учениците на Човеков?” Тој рече: „Не сум.”
18А слугите и служителите беа запалиле оган и стоеја, и се грееја, зашто беше студено; и Петар стоеше со нив и се грееше.
19Првосвештеникот пак Го праша Исуса за Неговите ученици и за Неговата наука.
20Исус му одговори: „Јас му зборував на светот јавно; секогаш поучував во синагогите и во Храмот, каде се собираат сите Јудејци, и ништо не говорев тајно.
21Зошто Ме прашуваш Мене? Прашај ги оние, кои чуја, што Сум им зборувал тие знаат што Сум говорел.”
22Кога го рече тоа, еден од присутните службеници Го удри Исуса по образ и рече: „Така ли му одговараш на првосвештеникот?”
23Исус му одговори: „Ако реков лошо, докажи дека е лошо; а ако реков добро, зошто Ме удираш?”
24Тогаш Ана Го прати врзан при првосвештеникот Кајафа.
25А Симон Петар стоеше таму и се грееше. И му рекоа: „Да не си и ти од Неговите ученици?” Тој одрече: „Не сум.”
26Еден од слугите на првосвештеникот, роднина на оној, кому Петар му го отсече увото, рече: „Нели јас те видов во градината со Него?”
27Но Петар одрече повторно, и веднаш запеа петел.
28Тогаш го одведоа Исуса од Кајафа во преторијата; а беше утро; и тие не влегоа во преторијата, за да не се осквернат, туку да можат да ја јадат Пасхата.
29Затоа Пилат излезе пред нив и рече: „Какво обвинение поднесувате против Човеков?”
30Во одговор му рекоа: „Ако Овој не беше злодеец, немаше да ти Го предадеме.”
31А Пилат им рече: „Земете Го и судете Му според вашиот Закон.” Јудејците му рекоа: „Нам не ни е дозволено да убиеме некого,”
32- за да се исполни Исусовиот збор, со кого навести со каква смрт ќе умре.
33Потоа Пилат се врати во преторијата, Го повика Исуса и Му рече: „Ти ли си Јудејскиот Цар?”
34Исус одговори: „Го зборуваш ли тоа сам од себе, или други ти кажаа за Мене?”
35Пилат одговори: „Јудеец ли сум јас? Твојот народ и првосвештениците Те предадоа на мене. Што си сторил?”
36Исус одговори: „Моето Царство не е од светов; ако Моето Царство беше од овој свет, Моите воини би се бореле да не им бидам предаден на Јудејците; но Моето Царство не е оттука.”
37Пилат на тоа му рече: „Сепак си Цар?” Исус одговори: „Ти велиш дека Сум Цар. Јас се родив за тоа и за тоа дојдов на светот, за да сведочам за вистината. Секој - кој е од вистината - го слуша Мојот глас.”
38Пилат Му рече: „Што е вистина?” Штом го рече тоа, излезе пак при Јудејците и им рече: „Јас не наоѓам никаква вина во Него.
39А при вас е обичај да ви пуштам по еден на Пасхата. И така, сакате ли да ви Го пуштам Јудејскиот Цар?”
40Тогаш повторно извикаа, велејќи: „Не Овој, туку Варава!” А Варава беше разбојник.

Селектирано:

Јован 18: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност