Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЈОВАН 17

17
Исусова молитва
1Кога Исус го изговори тоа, ги подигна очите кон небо-то и рече: „Татко, часот дојде! Прослави Го Својот Син, за да Те прослави Синот Тебе, 2како што си му дал власт над секое тело, па да му даде на сѐ - што си Му дал - вечен живот. 3А ова е вечен живот: да Те познаат Тебе, Единствениот вистински Бог, и Исуса Христа, Кого си Го испратил. 4Јас Те про-славив на земјата, го свршив делото, што Ми го даде да го извршам; 5а сега, Татко, прослави Ме Ти - во Себе Самиот - со славата што ја имав при Тебе, пред создавањето на светот.“ 6“Им го јавив Твоето Име на луѓето, кои Ми ги даде од светот. Твои беа, и Ми ги даде Мене, и го запазија Твоето Слово. 7Сега сознаа дека е од Тебе сѐ, што си Ми дал; 8зашто зборовите, што Ми ги даде, им ги предадов ним, а тие ги примија и навистина сознаа дека излегов од Тебе, и поверуваа дека Ти Ме испрати. 9Јас се молам за нив; не се молам за светот, туку за оние, кои Ми ги даде, зашто се Твои, 10и сѐ Мое - е Твое, и Твоето - Мое; и се прославив во нив. 11И не Сум повеќе во светот, а тие се во светот, Јас идам при Тебе. Свети Татко, запази ги во Твое име оние, кои Ми ги даде, за да бидат едно, како што Сме и Ние. 12Додека бев со нив, Јас ги чував во Твое име оние, кои Ми ги даде, и ги запазив, па ниеден од нив не погина, освен синот на гибелта за да се исполни Писмото. 13А сега идам при Тебе, и го зборувам ова во светот, за да ја имаат Мојата радост полна во себе. 14Јас им го предадов Твоето Слово и светот ги замрази, зашто не се од светот, како што и Јас не Сум од светот. 15Не Те молам да ги земеш од светот, туку да ги запазиш од лукавиот. 16Тие не се од светот, како што ни Јас не Сум од светот. 17Освети ги во Својата вистина, Твоето Слово е вистината. 18Како што Ти Ме испрати Мене во светот, така и Јас ги испратив во светот; 19За нив се осветувам Себеси, за да бидат и тие осветени во вистината.
20Но не се молам само за нив, туку и за оние, кои преку нивните зборови - ќе веруваат во Мене, 21за да бидат сите едно; како што си Ти, Татко, во Мене, и Јас во Тебе, така и тие да бидат едно во Нас, за да верува светот дека Ти Ме испрати. 22И славата што Ми ја даде, им ја дадов ним, за да бидат едно, како што Сме Ние едно; 23Јас во нив, а Ти во Мене, за да бидат совршени во едно, за да знае светот дека Ти си Ме испратил, и дека ги љубеше нив, како што Ме љубеше Мене. 24Татко, сакам оние, кои си Ми ги дал, да бидат со Мене таму каде што Сум Јас, за да ја гледаат Мојата слава, што Ми ја даде, зашто Ме љубеше пред создавањето на светот. 25Праведен Татко, светот не Те запозна, а Јас Те запознав, и овие познаа дека Ти си Ме пратил. 26Им го објавив Твоето име и ќе го објавувам, па љубовта, со која Ме возљуби, да биде во нив, и Јас во нив.“

Селектирано:

ЈОВАН 17: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност