ЕРЕМИЈА 50
50
Д. Пророштва за Вавилон
1. Разурнување на Вавилон и враќање на Израел
1Слово што Господ го рече против Вавилон, против Халдејската Земја; преку пророкот Еремија: 2„Објавете им на народите! Разгласете, не кријте, речете: ‘Вавилон е заземен! Вал е засрамен: Меродах е скршен! Засрамени се неговите кипови, здробени се неговите ликови.’ 3Зашто од север се дига против него народ што ќе му ја претвори земјата во пустина; никој веќе не ќе живее во неа, и луѓето и стоката ќе избегаат и ќе си отидат.
4Во тие денови и во тоа време - говори Господ - ќе се вратат Израелевите синови, и Јудините синови заедно ќе одат плачејќи и барајќи Го Бога, својот Бог. 5Ќе прашаат за патот кон Сион, натаму ќе го насочуваат погледот: ‘Дојдете, да се соединиме со Господа со вечен Завет незаборавлив!’
6Мојот народ беше како изгубени овци, пастирите ги заведоа, та заскитаа по ридовите: одеа од горите на ритчињата, заборавија каде им се кошарите. 7Кој ги наоѓа, ги голтнува, нивните непријатели зборуваа: ‘Ние не сме виновни, зашто Му згрешија на Господа, на пасиштето на правдата, на Господа, на надежта на своите татковци!’
8Бегајте од Вавилон! Излезете од Халдејската Земја! Бидете како овни пред стадото. 9Зашто, еве, ќе дигнам и ќе доведам против Вавилон мноштво големи народи; од Северната Земја ќе се наредат против него - оттаму ќе биде освоен. Стрелите им се како кај искусен јунак, празни не се враќаат. 10Халдеја ќе биде ограбена, ќе ја пљачкаат неа до наситка - говори Господ.
11Да! Радувајте се само и воскликнувајте, вие ограбувачи на Моето наследство! Потскокнувајте како јунче на пасење! ‘Ржете како ждребиња! 12Вашата мајка се засрами многу, се усрами вашата родителка. Еве, последна е меѓу народите: пустина, сува и непроодна. 13Заради Господовиот гнев ќе биде без население, сета ќе запустее. Секој што ќе помине покрај Вавилон, ќе се згрози и ќе свири со уста над неговите рани.
14Наредете се против Вавилон, опколете го. Стрелци, стрелајте во него, не ги жалите стрелите - зашто Му згрешивте на Господа. 15Од сите страни нека екнат бојни извикувања. Тој се предава! Столбовите му паѓаат, ѕидовите му се разурнуваат: Тоа е Господовата одмазда! Одмаздете му се на Вавилон, постапувајте со него, како што постапувал тој! 16Истребете му ги на Вавилон и сејачот и жетварот што замавнува со српот во жетварските денови! Пред насилничкиот меч секој нека се врати при својот народ, нека бега во својата земја.
17Израел беше разбркано стадо, лавовите го распрснаа, Асирискиот цар го голтна прав, а потоа, Навуходоносор, вавилонскиот цар, му ги скрши коските.“ 18Затоа Господ над Воинствата, Израелевиот Бог, зборува вака: „Еве, ќе ги казнам вавилонскиот цар и неговата земја, како што го казнив асирискиот цар. 19И ќе го вратам Израел на неговото пасиште да пасе по Кармил, по Васан, по Ефремовите Ридови и по Галад, за да се насити. 20Во оние денови, во она време - говори Господ - ќе го бараат Израелевиот грев, ама веќе не ќе го има; ќе ги бараат јудејските злодела, но не ќе ги најдат. Зашто им простив на сите што ги запазив.“
2. Казна на вавилонски жители
21„Против Мератаимската Земја! Тргни против неа и против жителите на Фекод, сотри ги до основи, уништи сѐ зад нив - говори Господ, изврши сѐ како што ти заповедав! 22Воена викотница се слуша во земјата, страшен пораз. 23О, како е скршен, здробен, млатот на целата земја! Како Вавилон им стана страшило на народите!
24Ти ставив стапица, Вавилону, ти се фати и не виде. Затекнат си и фатен, зашто завојува против Господа! 25Господ ја отвори својата оружница, го извлече оружјето на Својот гнев, зашто има работа за Господа над Војските во Халдејската Земја. 26Удрете врз неа од сите страни, отворете ги нејзините житници, слагајте ја како снопје, затрете го Вавилон со уништување, за да не остане ништо од него. 27Заколете ги сите негови јунци, нека слезат во кланицата! Тешко ним, дојде нивниот ден, времето на нивната казна! 28Чуј го гласот на оние што избегаа, што пребегаа од Вавилонската Земја за да јават на Сион за одмаздата на Господа, нашиот Бог, одмаздата за Неговиот Храм!
29Повикајте ги против Вавилон стрелците, сите што оптегнуваат лакови, опкружете го од сите страни: никој да не избега! Платете му според заслугата, направете му како што правеше, зашто се гордееше против Господа, Израелевиот Светец. 30Затоа сите младци ќе му испаѓаат по улиците и ќе му изгинат сите војници во оној ден - говори Господ.
31Еве Ме против тебе, Горделивецу! - говори Господ над Воинствата - дојде твојот ден, времето на походот против тебе. 32Горделивиот ќе се стресе, ќе падне, и никој не ќе го дигне. Ќе им потпалам оган на неговите градови и ќе голтнат сѐ наоколу.“
33Господ над Војските зборува вака: „Угнетувани се Израелевите синови, заедно со Јудините синови. Оние што ги заробија, ги држат цврсто и нема да ги пуштат. 34Но моќен е нивниот Искупител, Име Му е Господ над Воинствата. Тој ќе ја одбрани нивната парница - ќе ѝ донесе мир на земјата и ќе ги смути жителите на Вавилон.
35Меч против Халдејците - говори Господ против жителите на Вавилон, против кнезовите и неговите мудреци! 36Меч против неговите брбливци, нека полудат! Меч против неговите воини, нека се исплашат! 37Меч против неговите коњи и бојни коли и против сиот куп луѓе среде него: нека станат како жени! Меч против нивните ризници: нека ги ограбат! 38Меч против нивните води, нека пресушат! Зашто тоа е земја на идоли, ги залудија киповите, нивните страшила. 39Затоа таму ќе се настанат рисовите со хиените, и ноеви ќе живеат таму. Местото ќе остане без население довека, никој не ќе живее таму од колено до колено. 40Ќе го разурнат како што Бог ги разори Содом и Гомор и нивните соседи - говори Господ. Човек не ќе живее таму, човечкиот син не ќе престојува во него.
41Еве доаѓа народ од Север, голем народ, и многу цареви, и се подигаат од краиштата на земјата. 42Во рацете им се лак и копје, жестоки се, немилостиви. Вревата им шуми како море, јаваат на коњи, како еден готови за бој против тебе, вавилонска ќерко. 43Вавилонскиот цар чу вест за нив: и рацете му ослабнаа, го опфати мака, го фатија болки како родилка.
44Ете, како лав тој излегува од јорданските шумки на вечно зелени пасишта. Ама Јас ќе го истерам за миг и ќе го сместам таму својот избраник. Зашто, кој Ми е Мене рамен? И кој ќе Ме повика Мене на сметка? И кој пастир ќе Ми одолее?“
45Затоа, чујте што науми Господ да му направи на Вавилон, чујте што смислил против Халдејската Земја: Тој ќе ги одвлече и најситните јагниња; и самото нивно пасиште ќе се згрози над нив. 46На гласот дека Вавилон падна земјата ќе се стресе: ќе се слуша пискот меѓу народите.
Селектирано:
ЕРЕМИЈА 50: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: