Еве доаѓаат денови - говори Господ - кога ќе склучам Нов Завет со Израелевиот дом и со Јудиниот дом. Не Завет каков што склучив со нивните татковци во денот кога ги зедов за рака за да ги изведам од Египетската Земја, Завет што тие го раскинаа иако Јас Сум нивни господар - говори Господ. Туку, ова е Завет што ќе го склучам со Израелевиот дом по оние денови - говори Господ. Мојот закон ќе го ставам во нивната душа и ќе го напишам во нивното срце. И ќе бидам нивен Бог, а тие Мој народ. И веќе не ќе го учи другарот другар ни братот брат, зборувајќи: ‘Познајте Го Господа!’ туку сите ќе Ме познаваат, и мало и големо, говори Господ - зашто ќе го простам нивното беззаконие и не ќе си спомнувам веќе за нивните гревови.“
Прочитај ЕРЕМИЈА 31
Сподели
Спореди ги сите верзии: ЕРЕМИЈА 31:31-34
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа