Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Еремија 1

1
1Зборовите на Еремија, синот Хелкиин, свештеник од Анатот, во Венијаминовата Земја.
2Господовото слово му дојде нему, во деновите на Јосиј, синот Амонов цар Јудин, во тринаесеттата година на неговото владеење:
3потоа во деновите на Јоаким, синот Јосиин, царот Јудин, до свршетокот на единаесеттата година на Седекиј, синот Јосиин, царот на Јудеја, сè до заточението на Ерусалим во петтиот месец.
4Ми дојде Господовото слово:
5„Пред да те вообликувам во мајчината утроба, Јас те знаев; пред да излезеш од мајчината утроба, Јас те посветив, за пророк на сите народи те поставив.”
6А јас реков: „Ах, Господи Боже, ете, јас не знам да зборувам: дете сум.”
7А Господ ми одговори: „Не зборувај: ‘Дете сум!’ Туку оди кај оние кај кои те праќам и речи им го сè она што ќе ти го наредам.
8Не бој се од нив: Зашто Јас Сум со тебе за да те избавам,” говори Господ.
9И тогаш Господ ја протегна раката, ја допре мојата уста и рече: „Еве, ги ставам Моите зборови во твојата уста.
10Ете, те поставувам денес над народите и над царствата, за да истребуваш и разурнуваш, за да сотираш и ништиш, за да градиш и садиш.”
11И ми дојде Господовото слово: „Што гледаш, Еремија?” А јас реков: „Гледам бадемова гранка.”
12Тогаш Господ ми рече: „Добро гледаш, зашто јас бдеам над Моите зборови, за да ги исполнам!”
13И ми дојде Господовото слово: „Што гледаш?” А јас реков: „Гледам зовриен грнец, а неговиот отвор гледа кон север.”
14И Господ ми рече: „Злото ќе избувне од север против сите жители на оваа земја.
15Зашто, ете, Јас ќе ги свикам сите северни царства - Господово слово е. И тие ќе дојдат: секое од нив ќе го стави својот престол пред влезот на вратата на Ерусалим, против сите негови ѕидови, и против сите јудејски градови.
16И ќе им судам за сите нивни зла; затоа што Ме оставија, затоа што им кадеа на други богови и им се клањаа на делата на своите раце.
17Ти сега препаши ги своите бедра, стани, па ќе им зборуваш сè што ќе ти заповедам тебе. Не трепери пред нив, за да не треба да направам да се стресеш пред нив.
18Ете, денес те поставувам како утврден град, како железен столб, како бронзен ѕид против сета земја: против царевите и кнезовите јудејски, против свештениците и народот на оваа земја.
19И ќе војуваат со тебе, ама нема да те надвладеат, зашто Јас Сум со тебе, за да те избавам,” говори Господ.

Селектирано:

Еремија 1: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност