Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЕВРЕИТЕ 12

12
Христов пример. Божествено укорување
1Затоа и ние, имајќи околу себе толкав облак сведоци, да ги положиме настрана: секое бреме и гревот кој нѐ сплеткува лесно и да трчаме со трпение на трката што ни е поставена пред нас; 2гледајќи во Исуса, Почетникот и Исполнителот на нашата вера, Кој, поради радоста што беше пред Него, го претрпе крстот, презирајќи го срамот, и седна оддесно на Божјиот престол. 3Имено, размислете за Него, Кој претрпе од грешниците такви противења против себеси, за да не се истоштите и за да не станете малодушни. 4Уште не сте се воспротивеле до крв во борбата против гревот, 5и ја заборавивте опомената, која ви зборува вам како на синови: „Сине мој! Не презирај го Господовото укорување, ниту ослабувај, кога те изобличува, 6зашто Господ го казнува оној, кого го љуби, а го бие секој син, кого што го прима.“ 7Ако трпите укорување, Бог постапува со вас како со синови. Зашто кој е тој син, кого таткото не го казнува? 8А ако сте пак без казна, од која сите добиле дел, тогаш сте незаконски деца, а не синови. 9Освен тоа, нашите телесни татковци нѐ казнуваа, и ние ги почитувавме; нема ли да Му се покориме на Таткото на духовите, и така да живееме? 10Имено, тие нѐ казнуваа за малку денови, како што им беше угодно, а Тој за наша полза, за да станеме учесници на Неговата светост. 11Навистина, секоја казна во сегашноста не изгледа дека е за радост, туку за жалост. Но, подоцна им донесува мирен плод на праведност на оние, кои се обучувале преку неа. 12Затоа „исправете ги премалените раце и ослабените колена, 13и израмнете ги патеките со своите нозе, за да не се исколчи хромото, туку, напротив, да се исцели.
Надеж во Божја благодат и ветување
14Стремете се кон мирот со сите и кон светоста, без која никој не може да Го види Господа, 15внимавајќи да не му недостасува некому Божјата благодат, „за да не изникне некој горчлив корен“ и за да не ве вознемири, и за да не се онечистат со него мнозина; 16да не биде некој блудник или несвет како Исав, кој за едно јадење го продаде своето првородство. 17Имено, знаете дека подоцна кога сакаше да го наследи благословот, беше отфрлен, зашто не најде место за покајание, иако го бараше со солзи.
18Зашто, вие не пристапивте до гората, што може да се опипа и што е пламната во оган; ни до темнината, ни до мракот, ни до виорот, 19ни до трубниот глас, ни до гласот на зборовите, за кои слушателите молеа да не им се зборува веќе, 20зашто не можеа да ја поднесат заповедта: „Ако и животно се допре до гората, нека биде каменувано.“ 21А глетката беше толку страшна, така што и Мојсеј рече: „Исплашен сум и треперам.“ 22Туку, вие пристапивте до Сионската Гора, и до градот на живиот Бог, Небесниот Ерусалим: до десетици илјади ангели, 23до свечениот соборот и заедницата на првородените, кои се запишани на небесата, и до Бога - Судијата на сите, и до духовите на усовршените праведници; 24до Исуса, посредникот на Новиот Завет и до крвта за попрскување, која зборува подобро од Авеловата. 25Гледајте да не Го одбиете Оној Кој зборува! Зашто, ако не избегаа оние, кои Го одбија Оној Кој предупредуваше на земјата; уште помалку ќе избегаме ние, ако се отстраниме од Оној Кој зборува од небесата! 26Неговиот глас ја потресе тогаш земјата, а сега ветува, велејќи: „Јас ќе ги потресам уште еднаш не само земјата туку и небото.“ 27А тоа „уште еднаш„ укажува на измена на она што може да се потресе како создадено, за да остане она што не може да се потресе. 28Затоа, примајќи го Непоколебливото Царство, да бидеме благодарни со што Му служиме благоугодно на Бога, со страв и со почитување. 29Зашто, нашиот Бог е оган, што проголтува.

Селектирано:

ЕВРЕИТЕ 12: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност