Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Авакум 1

1
1Пророчко видение што го виде пророк Хабакук.
2До кога, Господе, ќе викам за помош, а Ти да не чуеш? Да викам кон Тебе „Насилство!” а Ти да не спасиш?
3Зошто ми ја покажуваш неправдата пред очи? Зошто го гледаш угнетувањето? Грабеж и насилство се пред мене. Расправија и раздор беснеат.
4Затоа законот ја изгуби силата, а правдата не се појавува ни за миг. Да, злосторникот го гони праведникот, затоа судот излегува изопачен.
5„Погледајте меѓу народите, гледајте, чудете се, вчудоневидете се! Зашто во ваши денови правам дело, во кое не бисте поверувале, ако некој ви го раскаже.
6Зашто еве, ги подигам Халдејците, народ жесток и брз, што навлегува ширум низ земјата, за да ги одземе живеалиштата кои не се негови.
7Тој е страшен и морничав, од самиот него излегува неговиот суд и неговата власт.
8Коњите му се побрзи од леопардите, побесни од волците навечер; јавачите му се простираат, стигаат оддалеку, налетуваат како орли, се спуштаат за да колват.
9Сите тие ќе дојдат да насилствуват, лицата им се устремени напред како источен ветер, собират пленици како песок!
10Тој им се потсмева на царевите, кнезовите му се за подбив, се подигрува со сите тврдини, насипува земја и ги зазема.
11Тогаш провева како ветер и си оди, престапува и е виновен, кому сил?та му е негов бог.”
12Не си ли Ти од дамни времиња, Господи, мој Боже, мој Светецу? Ние нема да умреме! Ти, Господи, го определи да суди, го постави, Стено моја, за да казнува.
13Твоите очи се пречисти, за да гледаат зло. Ти не можеш да ги гледаш беззаконијата. Зашто ги гледаш вероломците, молчиш кога злочинецот го голтнува поправедниот од себе?
14Ги правиш ли луѓето како морските риби, како лазачите, што немаат господар?
15Тој ги лови сите на јадица, ги извлекува со мрежа, ги собира во својата рибарска мрежа, и така се радува и ликува.
16Затоа и жртвува на својата мрежа, и пали темјан на својата рибарска мрежа, зашто му набавуваат мрсен дел, и храната му е обилна.
17И заради тоа ќе ја испразни ли мрежата своја и ќе ги убива ли постојано народите безмилосно?

Селектирано:

Авакум 1: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност