Лого на YouVersion
Икона за пребарување

БИТИЕ 3:17-24

БИТИЕ 3:17-24 MKB

А на човекот му рече: „Затоа што го послуша гласот на својата жена, та јадеше од дрвото за кое ти заповедав велејќи: ‘Не ќе јадеш од него!’ Земјата ќе е проклета заради тебе: во мака ќе се храниш од неа сите денови на својот живот! Ќе ти раѓа трње и троскот, а ти ќе јадеш полски растенија. Со пот на своето лице ќе јадеш леб, додека не се вратиш во земјата, зашто од неа беше земен - прав си, и во прав ќе се вратиш.“ Човекот ѝ го даде името Ева на својата жена, зашто таа стана мајка на сите живи. И Господ, им направи облеки од кожи на човекот и на неговата жена, и ги облече. И Господ, Бог, рече: „Еве, човекот стана како еден од Нас, знаејќи го доброто и злото. Да не ја испружи сега раката, и да набере од дрвото на животот па да јаде и да живее вечно!“ Затоа Господ, Бог, го испрати надвор од Еденската Градина, за да ја обработува земјата, од која е и земен. И го истера човекот; и насели источно од Еденската Градина, херувими со пламенен меч, кој се вртеше околу, за да го штитат патот, кон дрвото на животот.