Повратниците од заточение ја прославија Пасхата во четиринаесеттиот ден на првиот месец. Сите левити, како еден човек, се очистија: сите беа чисти; ја жртвуваа Пасхата за сите повратници од ропството, за своите браќа свештеници и за себеси. Пасхата ја јадеа Израелците, кои се вратија од ропството, и сите оние кои - откако прекратија со нечистотата на народот на земјата - им се придружија да Го бараат Господа Израелевиот Бог. И го празнуваа радосно празникот Пресни Лебови седум дена: зашто Господ ги исполни со радост и Го сврте кон нив срцето на асирискиот цар, за да ги зајакне нивните раце во работата околу Домот на Бога, на Израелевиот Бог.
Прочитај ЕЗРА 6
Сподели
Спореди ги сите верзии: ЕЗРА 6:19-22
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа