ЕЗЕКИЕЛ 28
28
6. Пророштво на тирски цар
1И ми дојде Господово слово: „Човечки сине, кажи му на тирскиот кнез: ‘Господ Бог зборува вака: „Твоето срце се возгордеа, ти рече: ‘Јас сум Бог! Седам на Божјиот престол во срцето на морето’ Иако си човек, а не Бог, ти го изедначи твоето срце со Божјото. 3Ете, беше помудар од Даниел, ниедна тајна не ти беше скриена! 4Со својата мудрост и разум насобра богатства, ја наполни ризницата со сребро и злато! 5Со твојата голема мудрост со посредство на твојата трговија го умножи твоето богатство! Но твоето срце се возгордеа од богатството.“ 6Затоа Господ Бог зборува вака: „Зашто своето срце го изедначи со Божјото, 7еве, ќе доведам против тебе туѓинци, најнасилни меѓу народите. Ќе ги извлечат мечевите против твојата прекрасна мудрост, и ќе ти ја помрачат убавината, 8ќе те фрлат во јама за да умреш со насилна смрт од оние што умираат на морската широчина! 9Ќе речеш ли тогаш пред крвникот: ‘Јас сум Бог’? Човек си, а не Бог во рацете на своите убијци. 10Ќе умреш со смртта на необрезаните од туѓинска рака! Зашто Јас, Господ го реков тоа - говори Господ Бог.’“
7. Плач за тирски цар
11И ми дојде Господово слово: 12“Човечки сине, залелекај тажачка над тирскиот цар. Речи му: ‘Господ Бог зборува вака: „Ете, ти беше примерок на совршенство, полн со мудрост и чудесно убав! 13Во Едом во Божјата градина, живееше ти, твоето облекло беше украсено со секаков сард, топаз и дијамант, хрисолит, оникс и јаспис, сафир, смарагд и злато. Беа направени тапани и кавали, на денот на твоето раѓање беа подготвени. 14Те поставив како раскрилен херув, заштитник: беше на светата Божја Гора, одеше сред огнено камење. 15Совршен беше по своите патишта од денот на своето создавање додека не ти се зачна беззаконие во срцето. 16Тргувајќи изобилно се наполни со насилство и згреши. Така те отфрлив од Божјата Гора, те истргав, херуву заштитнику, од средината на огнените камења. 17Срцето ти се возгордеа заради твојата убавина, ја занемари својата мудрост, заради своето богатство! Те фрлив на земја и те предадов на земните цареви за да те гледаат презирно. 18Со мноштвото на своето беззаконие, со нечесно тргување, ги обесвети своите светилишта! Пуштив оган сред тебе за да те проголта. Те претворив во пепел на земјата пред очите на оние што те набљудуваат. 19Сите кои те познаваат меѓу народите, се згрозија над тебе! Зашто ти стана страшило, те снема засекогаш!“‘“
8. Суд над Сидон (помор и меч)
20И ми дојде Господово слово: 21“Човечки сине, сврти го лицето кон Сидон, пророкувај против него. 22Речи: ‘Господ Бог зборува вака: „Еве, Сидону, против тебе, ќе се прославам сред тебе! И ќе се знае дека Јас Сум Господ, кога ќе го извршам судот над нив, и кога ќе ја покажам Мојата светост во него. 23И ќе го испратам поморот против него и крв по неговите улици; и мртви ќе паѓаат сред него од меч што ти се заканува отсекаде, и тогаш ќе се знае дека Јас Сум Господ.
9. Обнова на Израел
24И веќе не ќе има за Израелевиот дом трн што ранува ниту осило што раскинува меѓу сите наоколу што го презираат! И ќе се знае дека Јас Сум Господ Бог!“ 25Господ Бог зборува вака: „А кога ќе го соберам сиот Израелев дом од народите низ кои се распрснати, ќе ја пројавам во нив Мојата светост пред очите на народите. И ќе се настанат во својата земја, што му ја дадов на Мојот слуга Јаков. 26И ќе живеат на мир во неа, ќе градат домови и ќе садат лозја. Ќе живеат во безопасност, додека не го извршам Мојот суд над сите кои што ги презираа наоколу. Ќе знаат дека Јас Сум Господ нивен Бог.“‘“
Селектирано:
ЕЗЕКИЕЛ 28: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.