ЕЗЕКИЕЛ 20
20
И. Израелеви - мерзости
1. Господов одговор на старешини преку Езекиел
1Во седмата година, во петтиот месец, во десетиот ден, дојдоа кај мене некои од Израелевите старешини за да се советуваат со Господ. Седнаа пред мене. И ми дојде Господово слово: „Човечки сине! Зборувај им на Израелевите старешини! 3Речи им: ‘Господ Бог зборува вака: „Дојдовте да ме прашате за совет? Животот Ми Мој нема да Ме прашате! - говори Господ Бог.’ 4Сакаш ли да им судиш, дали ќе им судиш, човечки сине? Покажи им ги гадостите на нивните татковци. 5Речи им:
2. Идолопоклонство на Израел во Египет
‘Господ Бог зборува вака: „Во оној ден кога го избрав Израел и ја ставив раката на потомството на Јакововиот дом та им се објавив во Египетската Земја, им се заколнав: ‘Јас Сум Господ, ваш Бог!’ 6Во тој ден им се заколнав со подигната рака дека ќе ги изведам од Египетската Земја, во земја што ја избрав за нив, во земја во која течат мед и млеко, најубава од сите земји. 7И им реков: ‘Отфрлете ги од себеси сите гадости што ви ги привлекуваат очите, и не се валкајте со египетските идоли, зашто Јас сум Господ, ваш Бог!’ 8Но тие се одметнаа од Мене и не сакаа да Ме слушаат: ниеден не ги отфрли гадостите што му ги пленија очите и не се отстрани од египетските идоли. Тогаш одлучив да го излеам Мојот гнев врз нив и да ја излеам Мојата јарост врз нив во Египетската Земја. 9Но заради Моето Име - за да не се хули пред очите на народите меѓу кои што престојуваа и пред кои им бев јавил дека ќе ги изведам.
3. Израелев бунт во пустината
10Ги изведов од Египетската Земја и ги одведов во пустината; 11и им ги дадов своите заповеди и им ги објавив Своите закони, кои што секој треба да ги извршува за да живее; 12им ги дадов и своите саботи, како знак меѓу Себе и нив, нека знаат дека Јас Сум Господ Кој ги осветува. 13Но и во пустината Израелевиот дом се одметна од Мене: не одеа по Моите заповеди ги отфрлија Моите закони, кои што секој треба да ги исполнува за да живее; ги обесветуваа Моите саботи. И затоа одлучив во пустината да го излеам Мојот гнев врз нив за да ги сотрам. 14Но ни тоа не го направив заради Своето Име, за да не се хули тоа пред народите пред чии очи ги изведов. 15Но им се заколнав во пустината дека нема да ги воведам во земјата што им ја дадов, во земјата низ која течат мед и млеко, најубава од сите земји, 16зашто ги отфрлија Моите закони, и не одеа по Моите заповеди, и ги обесветуваа моите саботи, а срцето им одеше по нивните идоли. 17Моите очи сепак се сожалија за да не ги сотрам. И така не ги уништив во пустината.
18Туку им реков на нивните синови во пустината: ‘Не одете по заповедите на вашите татковци, не ги пазете нивните закони и не се осквернувајте со нивните идоли! 19Зашто Јас Сум Господ, ваш Бог! Одете по Моите заповеди пазете ги и исполнувајте ги Моите закони, 20и празнувајте ги Моите саботи, тие нека бидат знак меѓу Мене и вас за да се знае дека Јас Сум Господ, ваш Бог!’ 21Но и синовите се одметнаа од Мене, не одеа по Моите заповеди, и не ги пазеа ни постапуваа по Моите закони, кои што секој треба да ги исполнува за да живее, а Моите саботи ги онечистија. И затоа одлучив да го излеам Мојот гнев и да ја излеам Својата јарост врз нив во пустината. 22Но сепак ја воздржав Мојата рака заради Моето Име, за да не се хули тоа пред народите пред чии очи ги изведов. 23Но, се заколнав во пустината дека ќе ги распрснам меѓу народите и дека ќе ги расеам по земјите, 24зашто не ги извршуваа Моите закони, и зашто ги презреа Моите заповеди, и зашто ги обесветуваа Моите саботи и ги насочуваа очите кон идолите на своите татковци. 25И затоа им дадов уредби што не беа добри, закони што усмртуваат: 26И им попуштив да се онечистуваат со своите жртвени приноси, поминувајќи ги низ оган своите првороденчиња, за да ги истребам, за да знаат дека Јас Сум Господ.“‘
4. Израелско идолопоклонство во Ханаан
27Човечки сине, речи му на Израелевиот дом: ‘Господ Бог зборува вака: „И со ова уште Ме навредија вашите очи: со неверство Ме изневерија! 28Кога ги воведов во земјата за која им се заколнав дека ќе им ја дадам, каде и да согледаа возвишено бреже или разгранчено дрво, принесуваа жртви, донесуваа предизвикувачки приноси, ставаа пријатни мириси, ставаа налевници. 29Ги прашав: ‘Што ли значи тоа возвишение на кое се искачувате?’ И така остана името „Бама“, Возвишение, до денешниот ден.“‘
5. Бог не одговара на Израелеви прашања
30Затоа речи му на Израелевиот дом: ‘Господ Бог зборува вака: „Не се онечистивте ли вие како вашите татковци, не правите ли и вие блудство со нивните гадости? 31Се валкате принесувајќи им дарови, поминувајќи ги низ оган своите синови во чест на сите свои идоли се до денешниот ден. И тогаш да Ме прашаш за совет доме Израелев! Животот Ми Мој - говори Господ Бог - нема да Ме прашате за совет!
6. Бог ќе го очисти Израелевиот дом
32И нема да се случи за што сонувате, кога зборувате: ‘Ќе бидеме како другите народи, како народите на другите земји што им служат на дрвата и на камењата.’ 33Животот Ми Мој - зборува Господ Бог - ќе владеам со вас со силна рака и со подигната мишка, во сета жестокост на Својата јарост. 34Ќе ве изведам од народите, ќе ве соберам од сите земји во кои што бевте распрснати со силна рака и со подигната мишка во сиот пламен на Мојата јарост! 35Ќе ве одведам во пустината на народите и таму ќе ви судам лице в лице! 36Како што им судев на вашите татковци во пустината на Египетската Земја, и вам ќе ви судам - говори Господ Бог! 37Ќе ве поминам под Својот жезал, ќе се вратите во мал број, 38ќе ги одделам од меѓу вас сите кои се побунија и се одметнаа од Мене: ќе ги изведам од земјата во која што престојуваат како придојденци, но - во Израелевата Земја никогаш не ќе влезат! И ќе знаат дека Јас Сум Господ! 39А вие, доме Израелев, - вака зборува Господ Бог - само одете и натаму служете му секој на својот идол! Еднаш, ви се колнам, ќе послушате и веќе не ќе го хулите Моето свето Име со своите приноси и идоли:
7. Божја милост кон Израел
40На Мојата Света Гора, на високата Израелева Гора - вели Господ Бог - ќе ми служи сиот Израелев дом, во целата земја. Таму тие ќе ми замилеат, и таму ќе ги барам вашите приноси и приносите на вашите први плодови со сите светини. 41Ќе ми замилеете како пријатно кадење, кога ќе ве изведам од народите и кога ќе ве соберам од земјите во кои бевте расеани. И на вас ќе ја покажам Својата светост пред очите на сите народи. 42Тогаш ќе знаете дека Јас Сум Господ, кога ќе ве доведам во Израелевата Земја, во земјата за која им се заколнав дека ќе им ја дадам на вашите татковци. 43Таму ќе се спомнете за сите свои патишта и за сите ваши дела со кои се онечистивте: ќе се замразите сами себеси заради злоделата што ги направивте. 44И тогаш ќе сознаете дека Јас Сум Господ кога, заради Моето Име, не постапувам со вас според вашите лоши патишта ни според вашите развратни дела, доме Израелев!“ Така зборува Господ Бог.’“
8. Пророштво на половина ден
45И ми дојде Господово слово: 46“Човечки сине, сврти го лицето кон југ и истури беседа кон југ, та пророкувај против гората во Негевскиот Крај. 47Речи и на неговата шума: ‘Послушај го Господовото слово! Господ Бог зборува вака: „Еве, ќе запалам оган сред тебе, и тој ќе го голтне во тебе секое дрво, зелено и суво! Разгорениот оган нема да згасне додека не изгори сѐ од север до југ. 48И сите ќе видат дека Јас, Господ, го запалив тој оган, и нема да угасне.“‘“ 49На тоа реков: „О Господи Боже, та тие ќе речат за мене: ‘Еве го пак раскажувачот со приказни!’“
Селектирано:
ЕЗЕКИЕЛ 20: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: