Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЕЗЕКИЕЛ 19

19
З. Плач по Израелев кнез
1. Плач по Јоахаз
1А ти, човечки сине, затажи со тажачка за Израелевите кнезови. 2Речи: ‘Што беше твојата мајка? Лавица меѓу лавовите, лежеше меѓу лавчињата, хранејќи ги своите млади. 3И исхрани едно младо, кое стана лав. Откако се научи да го дере пленот, почна да ги голта луѓето! 4Народите се здружија против него, лавот падна во нивната јама, го одведоа во вериги во Египетската Земја.
2. Плач по Јехониј
5А кога мајката виде дека чека напразно и дека ѝ пропадна надежта, зеде друго младо и направи лав од него. Откако се научи да го дере пленот, почна да ги голта луѓето, 7да им ги разурнува тврдините, да им ги запустува градовите, земјата се стресе и сѐ врз неа од силната негова рака. 8Но луѓето од околните места се дигнаа против него и му поставија стапица; и лавот се фати во нивната јама. 9Окован го затворија во решетка, го одведоа при вавилонскиот цар, таму го затворија во тврдина, за да не му се слуша веќе рикањето по Израелевите гори.
3. Плач за Седекија
10Твојата мајка беше како лоза посадена покрај вода, родна и гранчеста од изобилство на вода! 11Имаше силна гранка за владетелска палка, се воздигна над венецот на стеблото, лична со височината, со многу гранчиња. 12Но во гнев беше откорната и фрлена на земја. Источникот ѝ го исуши родот: се скрши и овена нејзината силна гранка, и огнот ја голтна. 13Беше пресадена во пустина, во сува земја безводна. 14Но се разгоре пламен од нејзината прачка и ѝ ги спали гранките и плодовите! И нема веќе врз неа силна гранка за владетелска палка.’“
Еве, тоа е тажачка и ќе остане тажачка.

Селектирано:

ЕЗЕКИЕЛ 19: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се