Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Естир 4

4
1Мардохеј научи за сè што се случи: ја раскина облеката врзсебе, облече вреќишта, се посипа со пепел и помина сред градот тажејќи гласно и горко.
2Дојде само до царевата врата, зашто со она вреќиште врз себе не можеше да помине низ неа.
3Во секоја покраина, секаде каде ќе се научеше за царевиот збор и за неговиот проглас, жалоста завладуваше меѓу Евреите: постеа плачеа и ридаа. На мнозина од нив вреќиштето и пепелта им стана легло.
4Естирините девојки и нејзините скопеници дојдоа да ја известат за тоа. Царицата се вознемири многу. Му испрати облека на Мардохеј за да ја облече, а да го соблече вреќиштето од себе, ама тој одби.
5Тогаш Естира го повика Атаха, еден од царевите скопеници, кој и беше одреден на служба, па го испрати кај Мардохеј за да научи од него што се случило и зошто е таков.
6Атах отиде до Мардохеја на градскиот плоштад, пред царевата врата.
7Мардохеј му раскажа што му се случило и подробно го извести за сребрениците што Аман ветил да ги вложи во царевата благајна, за да би можел да ги уништи Евреите.
8Му го даде и преписот од наредбата за нивното погубување, која беше објавена во Шуша, за да и ја покаже на Естира, та да и јави да и наложи да отиде кај царот: нека го моли за милост и нека посредува кај него за својот народ.
9Атах се врати и ја донесе на Естира Мардохеевата порака.
10Естира му одговори на Атах и му нареди да му соопшти на Мардохеј:
11„Сите цареви службеници и народот на царевите покраини знаат дека секој оној било да е тој маж или жена, кој ќе влезе неповикан кај царот во внатрешното предворје, го чека само еден закон: смртна казна, освен ако царот не го испружи кон таквиот својот златен жезол и му го поштеди животот. А јас веќе триесет дена не сум била повикана кај царот.”
12На Мардохеја, му беа соопштени Естерините зборови,
13па тој и порача на Естира: „Не мисли дека ќе се спасиш, затоа што се наоѓаш во царскиот дворец, единствено само ти од сите Евреи:
14зошто ако молчиш во оваа прилика, на Евреите ќе им стигне помош и спасение од друга страна, а ти ќе пропаднеш со куќата и својот татко. Кој знае дали токму и не си се искачила до царската чест заради часот каков што е овој?”
15Естира пак му порача на Мардохеја:
16„Ајде собери ги сите Евреи, кои со наоѓаат во Шуша. Постете за мене: не јадете ниту пијте три дни и три ноќи. И јас ќе постам така со своите девојки. Така подготвена ќе влезам кај царот, иако е спротивно на законот, па ако треба да загинам ќе загинам.”
17Тогаш Мардохеј се повлече и направи како што му нареди Естира.

Селектирано:

Естир 4: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност