Чујте го ова слово васански крави, што престојувате во Самариската Гора, ги угнетувате немоќните, ги измачувате бедните, им зборувате на мажите: „Донеси да пиеме!“ Господ Бог се заколна во Својата светост: „Ете, ви доаѓаат денови кога ќе ве извлекуваат со куки, а последната од вас со јадици. Ќе излегувате низ проломи, не обѕрнувајќи се никаде, и ќе бидете фрлени кон Ермон,“ говори Господ. „Отидете само во Ветил и грешете, во Галгал и множете ги своите гревови! Принесувајте жртви секое утро, и десетини секој трет ден. Палете го тестото стасано за жртва благодарница, прогласете доброволни жртви, разгласете ги, зашто тоа го сакате, Израелеви синови,“ говори Господ Бог.
Прочитај АМОС 4
Сподели
Спореди ги сите верзии: АМОС 4:1-5
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа