Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ДЕЛА 3

3
Исцелување на хром, пред вратата на Храмот
1Петар и Јован одеа во Храмот во деветтиот молитвен час, 2тогаш носеа еден човек, хром од раѓање. Него го поставуваа секој ден пред храмската врата, наречена Красна, за да проси милостина од оние, кои влегуваа во Храмот. 3Штом ги виде тој Петар и Јован, кога сакаа да влезат во Храмот, запроси да му дадат милостина. 4А Петар, заедно со Јован, се вгледа во него и му рече: „Погледај нѐ!“ 5Меѓутоа тој внимаваше на нив, чекајќи само да добие нешто од нив. 6Но Петар му рече: „Немам ни сребро ни злато, но што имам, тоа ти давам: во името на Исуса Христа Назареецот стани и оди!“ 7Тогаш го фати за десната рака и го исправи, а нему веднаш му зацврснаа стапалата и глуждовите, па 8скокна, се исправи и прооди; и со нив влезе во Храмот, скокајќи и фалејќи Го Бога. 9Така целиот народ го виде како оди и Го фали Бога. 10И го препознаа дека е тоа оној, кој седеше пред Красната Врата на Храмот поради милостина, и се исполнија со восхит и беа вон себе заради она, што му се случи.
Петровата проповед
11А бидејќи тој се држеше за Петар и Јован, сиот зачуден народ се собра околу нив во тремот наречен Соломонов. 12А кога Петар го виде тоа, му проговори на народот: „Мажи Израелци, зошто се чудите на ова или зошто гледате на нас, како ние со своја сила или побожност направивме овој да оди? 13Бог Авраамов, Исаков и Јаковов, Бог на нашите татковци, Го прослави Својот Син Исуса, Кого вие Го предадовте и од Кого се одрековте пред Пилата, кога тој одлучи да Го ослободи. 14Вие се одрековте од Светецот и Праведникот, и молевте да ви се подари еден убиец, 15а Го убивте Зачетникот на животот, Кого Бог Го воскресна од мртвите, за што сме ние сведоци. 16И затоа што веруваме во Неговото име, - Неговото име го зацврсти овој, кого го гледате и познавате. А верата до која доаѓаме преку Него, му даде целосно здравје пред сите вас. 17И сега браќа, знам дека вие како и вашите началници, го направивте тоа од незнаење. 18Но, Бог на тој начин го исполни тоа, што го навестуваше однапред, преку устата на сите пророци: дека Неговиот Христос ќе пострада. 19Затоа, покајте се и обратете се, за да ви бидат избришани гревовите, за да дојдат, од лицето на Господа времиња на освежување, 20и да Го испрати Претскажаниот за вас Исуса Христа, 21Кого небото треба да Го прими до времето, кога ќе биде воспоставено сѐ, за кое Бог зборуваше од древноста преку устата на Своите свети пророци. 22Зашто Мојсеј рекол: „Господ Бог ќе ви издигне од вашите браќа Пророк - како мене, слушајте Го Него во сѐ што ќе ви рече! 23А секоја душа, која не ќе Го послуша тој Пророк, ќе биде истребена од народот.“ 24А и сите пророци од Самоила и натаму - колку што зборуваа - ги навестуваа овие денови. 25Вие сте синови на пророците и на Заветот, што Бог го склучи со вашите татковци, кога му рече на Авраама: ‘Во твоето Семе ќе бидат благословени сите племиња на земјата.’ 26Бог првин вам ви Го воскресна Својот Слуга Исуса и ви Го испрати за да ве благослови, со тоа што секого од вас ќе го одврати од вашите зли дела.“

Селектирано:

ДЕЛА 3: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност