Лого на YouVersion
Икона за пребарување

3 Јован 1

1
1Старешината до возљубениот Гај, кого го љубам во вистина.
2Возљубен мој, ти посакувам да ти биде добро во сè и да бидеш здрав, како што и е добро на твојата душа.
3Имено, многу се зарадував кога дојдоа браќата и посведочија за твојата вистина, како ти одиш во вистина.
4За мене нема поголема радост од тоа: да чујам дека моите деца одат во вистина.
5Возљубен мој, постапуваш верно во сè што правиш за браќата, и тоа за туѓинците,
6кои пред црквата ја посведочија твојата љубов; ќе направиш добро, ако ги испратиш по начин, како што е достојно пред Бога,
7зашто тргнаа поради Неговото име, не примајќи ништо од народите.
8И така, ние сме должни да ги примаме таквите, за да станеме соработници за вистината.
9пишав нешто на црквата, но Диотреф, кој сака да биде прв меѓу нив, не нè прими нас.
10Затоа ако дојдам таму, ќе потсетам за неговите дела, што ги врши, напаѓајќи нè со лоши зборови, и не се задоволува со тоа, туку сам не ги прима браќата, а на оние кои сакаат да ги примат, им забранува и ги гони од црквата.
11Возљубен мој, не угледувај се на злото, туку на доброто. Кој прави добро од Бога е; кој прави зло, не Го видел Бога.
12За Димитрија имаше сведоштво од сите - и од самата вистина. А и ние сведочиме; а знаеш дека нашето сведоштво е вистинско.
13Имав да ти пишувам многу, но не сакам да ти пишам со мастило и перо,
14а се надевам дека ќе те видам скоро, и ќе разговараме усно.

Селектирано:

3 Јован 1: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност