Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Коринќаните 3

3
1Почнуваме ли пак да се препорачуваме сами себеси? Или, можеби ни се потребни, како на некои, писмени препораки за вас или од вас?
2Вие сте нашето писмо напишано во нашите срца, кое го познаваат и го читаат сите луѓе.
3Зашто е очигледно дека сте Христово писмо, составено преку нашата служба; напишано не со мастило, туку со Духот на живиот Бог; не на камени плочи, туку врз плочи - на човечките срца.
4А такво уверување кон Бога имаме преку Христа.
5Не дека сме способни сами од себе да помислиме за нешто, како сами од себе, туку, нашата способност доаѓа од Бога,
6Кој и нè оспособи за служители на Новиот завет; не на буквата, туку на Духот, зашто буквата убива, а Духот оживува.
7Ако пак служењето на смртта, со букви издлабени во камења, беше толку славно, така што Израелевите синови не можеа да го гледаат Мојсеевото лице, поради сјајот на неговото лице, кој требаше да престане,
8како служењето на Духот не ќе биде уште пославно?
9Зашто, ако е славно служењето што донесува осуда, многу е поизобилно во слава служењето што донесува праведност.
10Зашто и она што беше прославено, не е прославено во тој поглед, заради славата која го надвисува.
11Зашто, ако беше со слава она што било поминливо, многу повеќе е во слава она што е трајно.
12И така, имајќи ваква надеж, зборуваме со голема смелост;
13и не сме како Мојсеј, кој ставаше покривало на своето лице, за да не го видат Израелевите синови свршетокот на она што се отстрануваше.
14Но нивните умови беа закоравени. Зашто, до денешниот ден останува истото покривало при читањето на Стариот Завет, и не се открива, зашто се отстранува само во Христа.
15И така до денес, кога го читаат Мојсеја, покривалото им лежи на нивното срце.
16Но, кога Израел се обрати кон Господа, покривалото се отстранува.
17Зашто Господ е Дух, а каде е Господовиот Дух, таму е слободата.
18А ние сите, со откриено лице, ја одразуваме Господовата слава и се преобразуваме во ист лик, од слава во слава, како што го прави тоа Господовиот Дух.

Селектирано:

2 Коринќаните 3: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност