Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Коринќаните 13

13
1Ова е по третпат како доаѓам при вас. „Од устата на двајца или тројца сведоци ќе биде потврдена секоја работа.”
2Порано реков и сега им зборувам однапред, како кога бев по вторпат; но сега во отсуство, на оние кои грешеле порано, и на сите други, дека нема да ги штедам кога ќе дојдам пак,
3зашто вие барате доказ дали зборува во мене Христос, Кој не е слаб кон вас, туку е силен меѓу вас.
4Зашто Тој беше распнат по слабост, но живее од Божјата сила. И ние исто сме слаби во Него, но ќе живееме со Него од Божјата сила, меѓу вас.
5Испитајте се сами себе: дали сте во верата, проверете се сами себе! Или не се познавате себеси, дека е Христос во вас? Инаку не сте потврдени.
6Но се надевам дека ќе познаете дека ние не сме непотврдени.
7Му се молам на Бога да не направите никакво зло, не затоа за да се покажеме ние потврдени, туку за да правите вие добро, а ние да бидеме како непотврдени.
8Затоа ние не можеме ништо против вистината, туку само за вистината.
9Имено, се радуваме кога сме ние слаби, а вие јаки; затоа и се молиме за вашето усовршување.
10Затоа ви го пишувам ова, во отсуство, за да не постапам строго, кога ќе бидам при вас, според власта, што Господ ми ја даде за надградување, а не за разурнување.
11Впрочем, браќа, радувајте се, усовршувајте се, утешувајте се, бидете едномисленици и живејте во мир, и Бог на љубовта и на мирот ќе биде со вас!
12Поздравете се еден друг со свет целив!
13Ве поздравуваат сите свети!
14Благодатта на нашиот Господ Исус Христос, и љубовта на Бога и заедницата на Светиот Дух да бидат со сите вас! Амин!

Селектирано:

2 Коринќаните 13: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност