Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 КОРИНТЈАНИТЕ 1

1
Вовед
1Павле, апостол на Исуса Христа, преку Божјата волја, и братот Тимотеј до Божјата црква која е во Коринт, со сите свети, кои се по цела Ахаја. 2Благодат вам и мир од Бога, нашиот Татко, и од Господа Исуса Христа! 3Благословен Бог и Таткото на нашиот Господ Исус Христос, Татко на милосрдноста и Бог на секоја утеха, 4Кој нѐ утешува во секоја наша неволја, за да можеме и ние да ги утешуваме оние, кои се наоѓаат во каква и да е неволја, со утехата со која Бог нѐ утешува нас самите. 5Зашто, како што Христовите страдања изобилуваат во нас, така преизобилува и нашата утеха преку Христа. 6Ако сме измачувани, тоа е за ваша утеха и спасение. Ако се утешуваме, тоа е за ваша утеха, која дејствува во трпението на оние исти страдања, што ги трпиме и ние. 7Нашата надеж за вас е цврста, знаејќи дека вие учествувате како во страдањата така и во утехата. 8Браќа, не сакаме да останете во незнаење во однос на неволјата што ни се случи во Азија, додека бевме оптоварени преку секоја мерка и над нашите сили, така што не се надевавме ни да го запазиме својот живот. 9Па и сами во себеси дојдовме до заклучок, дека ќе ѝ бидеме предадени на смртта, за да не се надеваме сами на себеси, туку на Бога, Кој ги воскреснува мртвите. 10Тој нѐ избави и уште нѐ избавува од таква смрт; Тој, во Кого се надеваме, дека пак ќе нѐ избави, 11со помош на вашата молитва за нас, за да му заблагодарат на Бога многу луѓе за нас, за благодатниот дар што го добивме.
Апостоловата искреност и љубов кон Коринтјаните
12Зашто нашата самопофалба е ова: сведоштвото на нашата совест, дека ние живееме во светот, а особено меѓу вас, во светост и Божја искреност, а не во телесна мудрост, туку во Божјата благодат. 13Зашто, не ви пишуваме нешто друго, освен она, што го читате и разбирате; а се надевам дека ќе разберете до крај, 14како што веќе нѐ разбравте делумно: дека ние сме пофалба за вас, а вие за нас, во Денот на нашиот Господ Исус.
15Со таа увереност сакав да дојдам најпрвин при вас, за да примите двојна благодат; 16и преку вас да поминам во Македонија, а од Македонија пак да дојдам при вас, и вие да ме испратите за Јудеја. 17И така, да не постапив лесномислено кога го посакав тоа? Или моите намери, се намери по телото, така што во мене истовремено е „да-да“ и „не-не.“ 18Бог е верен, дека: нашето слово кон вас не е „да“ и „не.“ 19Зашто Божјиот Син, Исус Христос, Кого Го проповедавме меѓу вас: јас, Силуан и Тимотеј, не беше „да“ и „не“, туку во Него беше „да“, 20бидејќи Божјите ветувања, колку многу и да се, во Него се „да.“ Затоа и ние велиме „Амин“, преку Него, за слава на Бога, преку нас. 21А Бог нѐ утврдува заедно со вас во Христа и нѐ помаза, 22и нѐ запечати и ни го даде Духот во нашите срца, како залог.
23А јас Го повикувам Бога за сведок на својата душа: дека, штедејќи ве вас, не дојдов веќе во Коринт; 24но не како ние да владееме со вашата вера, туку сме соработници во вашата радост, зашто во верата вие стоите цврсто.

Селектирано:

2 КОРИНТЈАНИТЕ 1: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност