Најпосле, браќа, бараме и ве опоменуваме во Господа Исуса, да изобилувате повеќе во она што го примивте од нас, како треба да живеете и да Му угодувате на Бога, како што и успевате во тоа. Имено, знаете какви наредби ви дадовме во името на Господа Исуса. Зашто, ова е Божјата волја, вашето осветување, да се воздржувате од блудство, секој од вас да знае да го држи својот сад во светост и чест, не во похотна страст, како народите кои не Го познаваат Бога; да не престапува и го измамува својот брат во тоа, зашто за сѐ тоа Господ е Одмаздувач, како што ви рековме и сведочевме порано. Имено, Бог не нѐ призва на нечистота, туку на осветување. Затоа, кој го отфрла тоа, не го отфрла човекот, туку Бога, Кој ви Го дава и Својот Свети Дух.
А за братољубието нема потреба да ви пишувам, зашто Самиот Бог ве научи да се љубите еден друг, а вие го правите тоа кон сите браќа во цела Македонија. Но, ве молиме пак, браќа, да го правите тоа уште повеќе