Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Михеј 2

2
Ветување на времиња за милост.
1Тешко им на оние што кројат беззаконија и на леглата свои измислуваат зли дела, и ги извршуваат штом ќе се зазори, зашто не ги издигнаа кон Господа рацете свои.
2Ќе пожелат ниви – ги заземаат насила, куќи – ги отимаат; и човекот го обираат, и куќата негова, мажот и наследството негово.
3Затоа вака вели Господ: »Еве Јас замислувам зло против тој род да пратам, кое не можете да го отфрлите од вратот свој, па затоа и нема да одите исправени; оти тоа време ќе биде лошо.
4Во она време ќе се зборува за вас, ќе плачат многу и ќе мислат: наполно сме разорени; делот од мојот народ е даден на друг; како да ми се врати? Нивните наши се веќе раздадени на другородци.«
5Затоа не ќе имам никого што ќе фрли жреб во собранието пред Господа.
6Не пророкувајте пророци; не пророкувајте им за да не ве постигне зло.
7О, ти, што се нарекуваш Јаковов дом! Зар се смали Духот Господов! Зборовите Мои зар не се благотворни за оној, кој постаува справедливо?
8Но народот, кој порано беше Мој, сега стана непријател, и вие им ја грабите не само горната туку и долната облека на мирните луѓе, што се враќаат од војна.
9Жените на Мојот народ ги истерувате од нивните пријатни домови; а од децата нивни ја одземате славата Моја.
10Станете и одете си, оти тој крај не е земја за почивка; поради нечистотија таа ќе биде разорена – и тоа со голема погибел.
11Ако некој ветропир измислува лага и вели: »ќе ти проповедам за вино и за сикер«, тој би бил добар за пророк на овој народ.
12Навистина ќе те соберам сиот, Јакове, навистина ќе ги соберам остатоците Израилеви; ќе ги соберам во едно како овците во Восор, како стадо овци во кошара; ќе зазборуваат шумно поради многубројноста.
13Пред нив ќе тргне уривач на ѕидови; тие ќе ги разбијат преградите, ќе влезат низ портите и ќе излезат низ нив, и царот нивни ќе тргне пред нив, и Господ – ќе биде на чело.

Селектирано:

Михеј 2: MK1990

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност